Поврзи се со нас

Култура

Ревија на носии и концерт на народни песни за 70 години јубилеј на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“

Објавено

на

Градското аматерско културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ од Гостивар ги врши последните подговотки за прославување на големиот јубилеј – 70 години од формирањето. Настанот ќе се одржи во петок во Центарот за култура АСНОМ, а на програмата ќе бидат  ревија на народни носии и концерт на народни песни. Најавен е настап на Перо Пандиловски, Мирослав Крстески и Анѓела Фичуроска.

„Ова е голем настан за нас како културно-уметничко друштво, што ги потврдува заложбите и трудот за негување на традициите и фолклорот. Со оглед дека сме во услови на пандемија, нагласуваме дека ќе се почитуваат сите предвидени мерки за заштита.“, велат од ГАКУД „Браќа Ѓиноски“

Настанот ќе започне во 19 часот, а ќе се се пренесува и онлајн, преку фејсбук страницата на друштвото.

Почетоците на друштвото датираат од 1950 година, кога група на млади гостиварци се собрале да ги продолжат традициите на претходно постоечко друштво познато под името „Шивачки“, кое било формирано во 1936-та година, обновено 1945 година под името „Петар Богданов Кочко“, а по две години замрело со работа.

Повеќе за историјатот и развојот на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ може да прочитате на следниот ЛИНК

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена