Занимливости
Револверот со кој Ван Гог се обидел да се самоубие – продаден за 162.500 евра

Револверот од марката Лефосо, со кој холандскиот уметник Винсент Ван Гог сакал да изврши самоубиство на 27 јули 1890 година во францускиот град Овер-Сер-Оаз, продаден е на аукција за 162.500 евра.
Француската аукциска куќа Оксион Арт, претходно изјави дека револверот се проценува меѓу 40.000 и 60.000 евра. Купецот на револверот не е обелоденет.
После две години поминати на југот на Франција, на 20 мај 1890 година, Ван Гог се преселил во Овер-Сер-Оаз, северно од Париз, по совет на неговиот брат Тео. Докторот Пол Гаше, пријател на импресионистичките сликари, се грижел за холандскиот уметник кој во тоа време имал чести психолошки кризи.
Сликарот изнајмил соба во гостилницата на Артур Раву. Во тој период бил на врвот на неговата уметност, сликајќи по едно дело на ден.
Ван Гог на 27 јули 1890 година, заминал на прошетка во блиското поле и таму ја извадил кошулата, во обид да се убие се револверот што го зел од гостилничарот. Сепак, при пукањето револверот му се измолкнал од раката и уметникот паднал во несвест. Се разбудил во вечерните часови и така ранет тргнал кон гостилницата.
И покрај помошта на докторот Гаше, Ван Гог починал по два дена агонија.
Оружјето околу 1960 година го пронашол еден земјоделец на имотот и го предал на сопствениците на гостилницата Раву. Револверот, кој е поприлично оштетен, беше изложен во музеј посветен на Ван Гог во 2016 година во Амстердам.
Според експертите, оружјето било во земја подолг период што може да се совпадне со тезата дека било фрлено околу 1890 година. Во 2011 година, американските научници бранеа уште една теза, во која Ван Гог бил случајно ранет кога некои млади луѓе играле со оружје.
Ван Гог (1853-1890), кој почина на 37-годишна возраст, е еден од најголемите сликари на пост-импресионизмот и еден од најценетите сликари воопшто. Тој е основоположник на колорниот експресионизам, кој обожувал со црвена и зелена боја “да ги изрази страшните страсти на човечката душа”.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош