Поврзи се со нас

Вести

РФМ ги најави премиите за македонските ракометари

Објавено

на

Пред почетокот на Европското првенство во Хрватска, Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави парични премии за остварен успех на овој шампионат.

На завршниот состанок на управата и стручниот штаб на Ракометната Федерација на Македонија со машките репрезентативни сениори непосредно пред поаѓањето за ЕП2018 во Хрватска, Претседателот на РФМ, г. Живко Мукаетов најави парични премии за репрезентативците за настапите на претстојниот континентален собир. Имено, Мукаетов најави премија од 30.000 евра за репрезентацијата доколку се оствари пласман во втората фаза од првенството и дополнителни 30.000 евра (или вкупно 60.000 евра) доколку А-тимот обезбеди пласман на некое од првите 6 места на првенството. Доколку машките сениорски репрезентативци пак успеат да стигнат до полу-финалето на ова првенство (пласман во топ 4), Претседателот на РФМ вети премија од дополнителни 40.000 евра или вкупно 100.000 евра за ваков висок пласман на шампионатот.

По исполнување на (некој од) горе наведените услови, споменатите предлози за парични премии ќе бидат предложени за верификација до Управниот одбор на Федерацијата.

Сениорската машка репрезентација на Македонија од вчера е во Загреб каде веќе го одработи и првиот тренинг. Првиот меч нашите ракометари го играат во сабота (13 јануари 2018 година) во 19:30 часот,  против селекцијата на Словенија.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена