Поврзи се со нас

Македонија

Рибарите, ловџиите и сточарите најизложени на опасност од конго-кримска хеморагична треска

Објавено

на

„Нема место за паника, апсолутно ниту е потребна, ниту е продуктивна на некој начин“, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, во врска со конго-кримската хеморагична треска од која во земјава се регистрирани три случаи.

По состанокот инициран од министерот за здравство Фатмир Меџити, во кој освен членовите од Комисијата за заразни болести учествуваа и претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, претставници од Факултетот за ветерина и од центрите за јавно здравје од Штип и Велес, Петличковски информираше дека се работи за болест за која што како држава важиме за ендемско подрачје, а заклучоците од Комисијата, како што рече, се во насока на превентивни мерки.

„Информирање на населението и на здравствените работници на кој начин се добива болеста, размислување за оваа болест кога ќе има сомнителни случаи и брзо процесирање, односно испраќање на сомнителните случаи до институциите, односно до одделите за инфективна патологија или до Клиниката за инфективни болести, рече Петличковски.

Тестови за оваа болест, како што кажа, во моментот има доволно, а дополнителна количина е нарачана и се очекува да пристигне.

„И терапијата којашто има некаков ефект, е достапна што значи дека колку што може да биде подготвена една држава за ваква ендемска болест, ние сме подготвени“, истакна Петличковски.

Посочи дека оваа болест не се пренесува лесно, а пренесувањето е исклучиво по пат на каснување од крлеж кој што е заразен со вирусот.

„Крлежи има особено во летните месеци, а затоплувањето на глобално ниво исто така придонесува за нивна поинтензивна активност. Меѓутоа, не секој крлеж е заразен со некој вирус. Така што, не се забранува на луѓето да одат на отворени површи, но, кога ќе излегуваат треба да имаат предвид и да бидат заштитени“, нагласи Петличковски.

Според него, риболовците, ловџиите и сточарите се најмногу изложени на оваа опасност, како и здравствените работници заради контакт со телесните секрети од заразените.

Состојбата на пациентите заразени со вирусот, како што информираше Петличковски, е добра.

„Болничарката е во сосем добра состојба. За неа кризата е помината и се очекува комплетно опоравување. Третиот пациент, рибарот од Велес е во добра состојба во моментов, меѓутоа има уште неколку дена во кои може да се случи промена. Се надевам дека тоа нема да дојде, и повторно доколку дојде до влошување на состојбата терапијата е тука. Така што, се надеваме на добар развој и тука“, рече Петличковски.

Морбидитетот на болеста, како што рече, е сериозен, но, исто така, нагласи дека има различни видови на вирусот, од кои дел се поврзани со висока смртност, а некои со ниска.

„Откриваме дека стоката, животните во Македонија, се изложени на вирусот постојано. Значи не е тоа вирус што се појавил годинава, бидејќи истражуваат покажуваат дека некаде над 30 проценти од  говедата, овците, козите се со прележан вирус, односно биле во контакт со вирусот. Меѓутоа немаме информации за хоспитализирани случаи од предизвикани од овој вирус, што значи дека вирусот е тука, меѓутоа, можно е поблагата варијанта да циркулира низ стоката“, посочи Петличковски.

Комисијата бара и организирање на акциски план во кој ќе се направи проценка на преваленцата на наоѓањето, односно колку често овие крлежи ги има во различните региони по што треба да следува дезинсекција која се смета за клучна превентивна мерка за намалување на ризикот од појава на оваа болест.

Во однос на резултатите од анализите од заловените крлежи, тој рече дека сѐ уште немаат резултати, но, дека очекуваат таа мерка да се спроведува и во следните две-три недели со цел да се добие репрезентативен број, односно што повеќе заловени крлежи, за да можат да идентификуваат евентуално дали се тие заразени со вирусот.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена