Гостивар
Ригорозни контроли во автобусите и комбињата во Гостивар за антиковид мерките – казнети 3 компании
Секторот за внатрешни работи Тетовo од крајот на минатиот месец презема засилени контролни активности и во јавниот превоз на патници, со кои се опфатени меѓуградски и локални автобуси, комбиња и патнички такси возила.
Во изминатите триесетина денови на тетовско-гостиварското подрачје откриени и законски санкционирани се вкупно 61 возило, од кои во Тетово 50 и Гостивар 11, кои вршеле јавен превоз без потребните лиценци. Во содејство со Отсекот за економски криминал, на сите им се изготвени соодветни кривични пријави според член 284 А од Кривичниот законик и ќе се соочат со предвидените парични и други санкции.
Покрај ова, од средината на минатата недела се контролира и практичното спроведување на владината одлука за 50-процентно користење на капацитетите во јавниот превоз. На три автобуски превозници во Гостивар, кои не ја почитувале оваа одлука, изготвени им се кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Од денеска (26 октомври) ваквите активности значително ќе се засилат и ќе следат соодветни поднесоци, секаде каде ќе бидат констатирани прекршувања на споменатата владина одлука, нагласија од СВР.
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 3 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба