Поврзи се со нас

Спорт

Ристовски: Почнува исплатата на државните субвенции во спортот

Објавено

на

Министерот Борко Ристовски го појасни процесот и критериумите Националните спортски федерации, клубовите и спортистите во наредните денови ќе ги добијат средствата од државните субвенции коишто ги доделува Министерството за спорт. Административниот процес е завршен и се очекува да започне исплатата на средствата, по новата поефикасна и поедноставена процедура, најави министерот за спорт Борко Ристовски на вчерашното гостување во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.

  • Министерството за спорт и Владата обезбедија 550 милиони денари или нешто помалку од 10 милиони евра коишто се наменети за субвенционирање на спортот, нешто што не беше обезбедено од претходната Влада. Доколку не дојдеше до промена на власта и доколку не се конституираше новото Министерство за спорт, јас одговорно тврдам дека ќе немаше субвенции и државна помош за спортот затоа што тие пари не беа предвидени во буџетот за оваа година, односно претходната власт во буџетот имаше предвидено „нула“ пари за спортот. Ова е еден огромен чекор и на Министерството за спорт и на оваа Влада затоа што со ребалансот на буџетот ги обезбедивме овие средства. Сумата е нешто помала од претходните 615 милиони денари, меѓутоа ако земеме предвид дека се 550 милиони денари за само неколку месеци до крајот на фискалната година, ќе видиме дека тоа е, и тоа како, голема помош, истакна Ристовски.

Во завршната фаза од процесот за доделување на државните субвенции во спортот, од Министерството за спорт е испратен допис до сите национални спортски федерации кои до клубовите треба да ги проследат задолжителните обрасци, за да можат во најкус можен рок да ги пополнат и да ги достават до Министерството за спорт за што побрзо да почне исплатата на средствата. Министерот Ристовски појасни дека исплатата ќе се одвива сукцесивно, што значително ќе ја скрати целата постапка.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Македонијапред 2 недели

Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус

Вестипред 3 недели

УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ

Гостиварпред 4 недели

Полициски службеник и уште едно лице осомничени за продажба на кокаин во Гостивар, Тетово и Скопје

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар одбележани 80 години од загинувањето на борецот херој, Сретко Крстески

Гостиварпред 3 недели

Пронајдени гранати при ископ на тротоар во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Пукање на улица во Гостивар, едно лице лишено од слобода

Гостиварпред 3 недели

Таравари во болницата во Гостивар промовираше инвестиции од околу 400.000 евра

Гостиварпред 4 недели

Повреден 18 годишник од Гостивар на забава во викендица во Маврово

Гостиварпред 4 недели

Четири момчиња ноќеска завршиле во полициска станица во Гостивар

Гостиварпред 1 месец

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 3 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 4 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 9 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 9 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 11 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 11 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 1 година

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена