Гостивар
Ризик од пожари, СВР Тетово апелира до граѓаните да бидат внимателни и одговорни

Високите температури ги зголемија потенцијалните ризици за ширење на пожари во полошкиот регион. Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да бидат крајно внимателни, доколку се движат низ шума или работат на нива, да не палат отпад и слама и да не фрлаат цигари и догорчиња.
„Покрај тоа, оние што ќе престојуваат во излетнички места за време на викендиите, се предупредуваат да не палат огнови, кои во ситуации кога не се добро изгаснати, можат брзо да се запалат и да се рашират наоколу и со тоа да предизвикаат разни последици и неповратни материјални штети. Препорачливо е да не оставате стаклени шишиња или други материјали на отворени места, што за време на продолжен престој на сонце, може да предизвикаат пожари.“, се вели во апелот на полицијата
За предизвикување пожар, намерно или од небрежност, предвидени се ригорозни законски санкции, кои во последните инстанци предвидуваат и затворски казни од 6 месеци до 8 години, во зависност од видот на пожарите, последици и други околности.
Секторот за внатрешни работи Тетово нагласува дека презема различни и координирани превентивни мерки, со цел навремено да се откријат можните причини за пожари, додека планираните контролни активности во поширокиот регион ќе бидат зајакнати.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо