Поврзи се со нас

Магазин

Ризикот е голем – Како да избегнете труење со храна во лето?

Објавено

на

Летниот период носи зголемен ризик од појава на труење со храна. Бактериите лесно се размножуваат на високи температури, а храна е подложна на расипување. Лекарите препорачуваат голема внимателност и повисоко ниво на хигиена, за да се спречат несакани последици по здравјето. На подрачјето на Гостивар летово за сега не е пријавен случај на помасовно труење со храна. Сепак, медицинарите имаат неколку корисни совети за граѓаните што е најбезбедно да јадат и пијат при топло време.

„Најважно е да се јаде што повеќе свежа храна, добро измиено овошје и зеленчук. Готвеното јадење да се консумира веднаш по подготовката, а производите кои се лесно расипливи  да се избегнуваат, на пример: мајонези, разни сосови, кремови кои содржат јајца и слично. Сладоледот да се купува од сигурни продажни места, пред консумирање да се провери изгледот, мирисот и вкусот, а доколку се купува пакуван сладолед задолжително да се провери рокот на траење“, советуваат лекарите.

Симптомите на труење со храна се јавуваат неколку часа по внесување на загаденото јадење или пиење, а може да траат еден до 10 дена. Зависно кој е причинителот, се јавуваат следните тегоби: гадење, повраќање, дијареа, болки во стомакот, можна е висока температура како и општа слабост на организмот. Компликациите се поверојатни кај лицата со хронични болести, помалите деца и брамените жени.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 49 минути

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 1 час

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 2 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 4 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 5 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 7 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена