Гостивар
Роберт Исаиловски го извади крстот положен во Вардар на Богојавление во Гостивар

Светиот крст за Богојавление Водици во Гостивар годинава од водите на Вардар го извади Роберт Исаиловски. Тој беше најсреќен меѓу 35-мината гостиварци кои учествуваа во традицијата на фаќање на крстот, кој беше положен во реката по чинот на осветување на водите кој ги изврши Владиката г.Јосиф. Големиот православен празник буди радост и сплотеност меѓу верниците, кои на сите учесници, а особено на најсреќниот им упатија искрени желби за здравје, бериќет и благосостојба.
Гостивар и годинава имаше масовно и достоинствено празнување на Богојавление. Прославата започна утрово со света литургија, а потоа литијата тргна од пред соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ и преку централното градско подрачје се движеше до малиот мост на Вардар, пеејќи ја песната „Во Јордање“. Таму беше извршен чинот на осветување на водите и положување на светиот крст во реката.
Gostivarpress.mk во текот на денот ќе објави фото репортажа од највпечатливите моменти на манифестацијата.
Бог се јави-Навистина се јави!
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 5 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 1 недела
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 6 часа
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава