Гостивар
Родените во ноември навистина се посебни

Веднаш да напоменеме дека во примеров не се работи за астрологија, туку факти докажани од статистички студии. Месецот на раѓање влијае на многу аспекти во нашите животи, на нашата личност, нашите способности, но и нашето здравје.
За вас роденитe во ноември, еве шест работи за кои веројатно сте посебни:
„Големи“ луѓе
Оние што се родени во зима и во студените месеци од годината имаат тенденција да бидат повисоки и посилни, за разлика од оние родени во лето. Според научниците, бебињата родени за време на студените месеци имаат гестација во најжешките месеци во годината, што значи дека имаат подобар проток на крв и подобар внес на витамин Д во матката, што во најголем дел се должи на изложеноста на сонце.
Тие се повеќе физички способни
Студијата за физичката подготвеност на училишните деца покажа дека децата родени во ноември се подобри за 10% од нивните врсници родени во другите месеци.
Рано се будат
Луѓето родени во есен и зима сакаат да одат порано во кревет, што значи дека се будат порано од другите луѓе.
Левораки
Момчињата родени во ноември се со поголема веројатност да бидат левичари, според едно истражување спроведено на 13.000 луѓе.
Отпорни на болести
Луѓето родени во ноември имаат помала веројатност да заболат од автоимуни заболувања и кардиоваскуларни нарушувања. Исто така, истражувањето покажало дека тие имаат помала склоност кон депресија.
Живеат подолго
Истражувањето спроведено во Чикаго открило дека луѓето родени во ноември често живеат и по 100 години.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022