Поврзи се со нас

Македонија

Родители интервенираат за поправка на оцени, укажуваат ученици во рамки на кампањата „Бидете херои на чесноста“

Објавено

на

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска денеска, во рамки на кампањата „Бидете херои на чесноста“, беше во посета на основното училиште „26 Јули“ во скопската населба Шуто Оризари.

Како што информираше Ивановска, во спроведените анкети, ученици кажуваат дека често се соочуваат со неправда, со незаслужени оценки во одделението, дека најчесто родителите интервенираат за да се поправат оценките, кажуваат дека имаат притисок од родителите за да бидат секогаш одлични и така натаму.

„Затоа сметаме дека е многу важно да знаат да си градат вредности во себе, да не учат за оценки, туку да учат за знаење и од нив понатаму да произлезат професионалци, коишто ќе го градат ова општество. Тоа е нашата цел“, нагласи Ивановска.

Таа подвлече дека родителите се појавуваат како клучни фигури, кои треба да им го осветлат патот на своите деца, покажувајќи дека потпирањето на „врските“ не е траекторијата што ја замислуваме.

Ивановска појасни дека станува збор за кампања што ја спроведуваат во 13 училишта во државата.

„Во моментов сме веќе во петтото училиште и значи ќе продолжиме уште во осум училишта. Ова е последно скопско училиште, а понатаму продолжуваме низ државата, во штипско – кочанскиот, во струмичкиот, охридскиот, тетовскиот регион и така натаму, значи ќе бидат опфатени уште осум училишта. Кампањата е со цел да се доближиме до децата, да видиме со какви проблеми се соочуваат, како ја чувствуваат неправдата. Со еден збор, сакаме да видиме, да им помогнеме ова општествено зло корупција, полесно да го препознаваат“, рече Ивановска.

Оваа антикорупциска едукативна иницијатива, предводена од Државната комисија за спречување на корупцијата, е дел од поширокиот чадор на Активноста за антикорупција и интегритет, која ја спроведува Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во Скопје, со финансиска поддршка обезбедена од УСАИД.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 17 минути

Шест причини зошто пешачењето после вечера е добро

Вестипред 3 часа

Захарова: Русија ќе нападне британски цели доколку британското оружје го употреби Украина за удар на руска територија

Македонијапред 4 часа

Повеќе можни кандидати за претседател на СДСМ по оставката на Ковачевски

Гостиварпред 5 часа

Обновен и разубавен натписот Гостивар во градскиот парк

Гостиварпред 6 часа

Конференција во Гостивар: Треба да се направи се‘ за младите да останат тука

Гостиварпред 8 часа

Болница Гостивар-Пуштено во употреба обновеното невропсихијатриско одделение

Гостиварпред 9 часа

Инцидент во угостителски објект во Гостивар

Спортпред 10 часа

Аталанта го совлада Баер Леверкузен и ја освои Лигата на Европа

Здравје и убавинапред 12 часа

Висок крвен притисок – Тивок, а опасен непријател на здравјето

Гостиварпред 4 недели

Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Поради дефекти прекин во водоснабдувањето во дел од Гостивар и Бањица

Гостиварпред 2 недели

Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад

Гостиварпред 3 недели

Напад на малолетник во угостителски објект во Гостивар

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

Македонијапред 2 недели

9 мај – Ден на победата над фашизмот

Гостиварпред 4 недели

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

Гостиварпред 4 недели

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена