Поврзи се со нас

Деца Родители

Родителите да не ги инволвираат децата во брачниот конфликт

Објавено

на

Бракот преставува непрекината битка за остварување на блискост, тој опфаќа систем на обврски, систем на комуникација, љубов, внимание, грижа, тоа е еден вид на институција во кое мора да постои компромис во решавање на конфликтите. Добар брак е можен само доколку и двата партнери го познаваат семејството на другиот.

Формирањето на бракот поминува низ неколку стадиуми :

  • Формирање на брак – спојување.
  • Проширување – почеток на родителство.
  • Скратување – евентуална сепарација.
  • Можност за прекин на бракот.

Секој брак се соочува со одредени конфликти за кои брачните партнери треба да изнајдат решение и да ги решат на конструктивен начин доколку сакаат конфликтите да не остават негативни последици врз нивниот брак и семејството во целина.

Доколку брачните партнери не можат да изнајдат компромис во решавање на конфликтот доаѓа до брачен конфликт. Брачниот конфликт се јавува доколку настане тензија во брачната дијада. Брачниот конфликт може да се разгледува од аспект на Селф фокус ( самофокусирање ) кој се однесува на увид во сопствената улога и сопствен придонес за брачниот конфликт и од аспект на степенот на проекција која се однесува на вината и одговорноста на другиот партнер .

Брачниот конфликт доколку не се реши и се продлабочи завршува со сепарација или развод. Одлуката за развод е секогаш крупна одлука и бара сериозна реорганизација на системот и личното живеење. Разводот е честа причина за регрес, враќање кај сопствените родители, често значи и пад на стандардот на живеење . Според истражувањата:

  • Секој трет брак е разведен ( глобално )
  • Во САД дури 50% од децата се деца на разведени родители
  • Во 60% при покренат развод еден од партнерите е во дилема
  • Само 25% обострано се согласни за развод
  • Мажите изјавуваат дека се под стрес во текот на разводот, а жените имаат стрес после разводот.

Во Р.Македонија според податоците на Државниот завод за статистика во 2012 година се евидентирани 4888 семејства со брачни конфликти од кои повеќе од 50% завршуваат со развод. Во најголем број на случаи едниот партнер е тој којшто ја покренува постапката за развод, а во мал број на случаи разводот е спогодбен помеѓу двајцата партнери.

Најголем ризик од разводот носат децата кои во моментот на разводот живеат во семејства кои се во рана училишна возраст. Децата многу тешко го доживуваат разводот на родителите бидјќи разведениот родител често е поле за конфликти и разочарување, како и фантазматски претпоставки. Децата најчесто се движат помеѓу двата екстрема:

  • Едните се совршени, внимателни, тивки, пред се, бидејќи се исплашени и доживуваат екстремни стравови.
  • Други се агресивни, лути, немирни.

Штетното влијание на брачниот конфликт врз развојот на децата може да се забележи и во податоците на групата на деца од некомплетни семејства, при што може да се види дека во зависност од видот на конфликтот и присуството на детето за време на конфликтот, зависи и во колкав степен тој конфликт ќе се одрази негативно врз детскиот развој. Децата што биле почесто присутни во брачниот конфликт имаат поголеми негативни последици во својот психолошки, емотивен и социјален развој, кај нив е доминантно регресивното однесување како и агресивноста, во споредба со децата што индирекно го доживуваат конфликтот помеѓу родителите. Кај овие деца агресивноста или не е воопшто присутна или е манифестирана како пасивна агресивност.

Во текот на разводот при давање на совети и препораки треба да сезаштитат правата на децата. Од целокупното истражување може да се види дека родителите окупирани со својот конфликт забораваат на децата и нивните потреби. Од тие причини потребно е секој родител поединечно да научи како да не ги инволвира децата во својот конфликт и како да им ја објасни деструктивната семејна атмосфера на децата, за да таа атмосфера не остави негативни последици во развојот на децата и формирањето на сликата за себе.

 

пишува: м-р Слаѓана Ангелкоска, психолог

Советувалиште за брак и семејство,

Центар за социјална работа – Гостивар

 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена