Поврзи се со нас

Деца Родители

Родителите треба да ја поттикнуваат и поддржуваат самостојноста кај децата

Објавено

на

Секој родител сака и настојува неговото дете да биде среќно и за да го постигне тоа родителот е спремен да се откаже и од својата среќа. За да биде детето среќно тоа треба да се научи да доживува радост и оптимистички да гледа на животните проблеми.

Луѓето често во својот живот запаѓаат во непредвидени ситуации во коишто треба да се снајдат, во коишто треба да донесат брза и непоколеблива одлука за одредена работа. Во такви ситуации се снаоѓаат само луѓе коишто се самостојни и сигурни во себе и своите одлуки.

Самостојноста е една од најважните особини во животот на сите луѓе,таа треба да се развие и да се негува кај децата уште од најмала возраст. Самостојноста е една од основните карактерни особини кај секој човек.

Како што детето се раѓа со способност за развој на говорот, како што таа способност треба да се развива и да се негува, исто така е и со развојот на самостојноста. Дали детето ќе ни биде самостојно или не зависи од тоа дали сме му овозможиле да ја развие таа самостојност.

Секој родител треба да го познава своето дете и неговите потреби, способности и интереси. Родителот треба да знае дека кај детето од најраната возраст постои потреба за самостојност и дека таа самостојност треба да се негува. Детето не може да живее без присуство на возрасните, но од ден на ден тоа се повеќе се зајакнува и стекнува сопствени искуства и се повеќе му јакне желбата да се осамостои и да се оддели од присуството на возрасните.

Од најрана возраст детето започнува да ја задоволува потребата за осамостојување, започнува само да јаде, само да се облекува, само да оди. Детето е упорно во градење на таа самостојност. Многу често детето туку што започнало да оди, ја трга раката и сака само да оди без некој да го држи, кога ќе се ослободи од држењето на родителот детето ќе се врати од местото од каде тргнало и победоносно и гордо ќе оди само, доаѓа до родителот и му покажува дека самото може да оди. Од втората година детето кога јаде не започнува да јаде додека не му се даде лажицата само да јаде. И уште многу примери потврдуваат дека детето од најрана возраст ја изразуваат желбата за самостојност.

Детето од мало сака да ја испроба својата способност, да направи нешто само и кога ќе успее во тоа се чувствува среќно и задоволно и сака да биде за тоа пофалено. Од самото раѓање детето не е свесно за себе, не знае да направи ралика помеѓу себе и околината. Но постепено во текот на првите години од животот  започнува да се открива себе си и својата околина, својата личност и да формира свое „ЈАС“. Детската свесност за себе  ја развива низ различни активност и постапки, постојано наоѓа начин да се докаже  пред родителите  со намера да биде пофалено.

Детето не го воспитуваме само тогаш кога му посветуваме посебно внимание,кога со него разговараме или играме туку и тогаш кога не сме со него и во негова близина, родителите го воспитуваат своето дете со целиот начин на својот живот и начин на работење. Се што се случува во семејството детето гледа,тоа го прима и го чувствува, секој момент во животот остава траги врз детето и ги усмерува неговиот начин на живеење и развивање. Ако во семејството мирна и среќна атмосфера, доколку на детето му се дозволи да игра и да се забавува слободно тоа позитивно ќе се оствари во развојот на детето. Во спротивно пак недостаток на добра организација на семејниот живот и лошиот пример кој што родителите им го даваат на своите деца лишо ќе се одрази врз развојот на детето. Од сето ова произлегува дека од добро организирана семејна атмосфера зависи и развојот на детската самостојност.

Доколку родителот забележи дека кај детето постои желба нешто самостојно да направи потребно е тоа да му се дозволи. Првите желби за самостојно работење на детето е да јаде само, да се облекува само, да ја земе чашата и само да пие. Родителите грешат кога ја пригушуваат желбата на детето за негово осамостојување, многу често родителите немаат трпение за своите деца, кога ќе видат дека детето при првиот обид да јаде само пола од јадењето ќе му се истури, или пак кога детето се облекува му треба подолго време да се облече само, родителот го губи трпението и почнува да го храни детето или да го облекува. Секоја работа која што на родителот му изгледа едноставна и проста за детето е многу сложена.

Развивајќи ја детската самостојност родителите мора да тргнат од можностите и силата на детето и да го водат детето постепено чекор по чекор од наједноставни и најниски облици на самостојна работа до се посложени и потешки работи.

Родителите треба да ја поттикнуваат детската самоиницијатива, детската желба да преземат одредени чекори во некоја работа, при постигнување на успех да го бодрат детето да го охрабруваат и во него да поттикнуваат самодовербата,и вербата во сопствената сила и можности.

Осамостојувајќи го детето, гледајќи го како сигурно чекори низ животот,среќни сме и задоволни, бидејќи за родителот нема поголемо задоволство од тоа детето да му порасне во самостоен, смел и одлучен човек, којшто знае што сака, којшто умее да го постигне она што го сака, којшто има јака воља и цврст карактер.

 

пишува: м-р Слаѓана Ангелкоска, психолог

Советувалиште за брак и семејство,

Центар за социјална работа – Гостивар

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 дена

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 4 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 4 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 4 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Гостиварпред 2 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 1 ден

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 дена

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена