Вести
Родителите во Гостивар го чекаат последниот воз за упис на првачињата
Во текот на месец мај во основните училишта на подрачјето на општина Гостивар се спроведоа уписите во провоодделение. Збирните резултати потврдуваат дека родителите и годинава не биле ажурни навреме и го чекаат последниот момент пред септемвриското ѕвонче, за да ги запишат своите деца во основно. Според податоците од општинското одделение за образование, во мајскиот рок запишани се вкупно 350 првачиња и тоа 150 на македонски, 162 на албански и 38 на турски наставен јазик. Бројките покажуваат дека отприлика половина од дечињата кои треба да тргнат од септември за прв пат на училиште, се уште не се запишани.
Во наредната учебна година, во прво одделение се запишува дете кое до крајот на 2017-та ќе наполни 6 години, односно децата родени во 2011-та година. Исклучок може да се направи за деца кои ќе наполнат шест во јануари 2018-та, на барање на родителот, но само по добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.
При уписот родителите ги доставуваат следните документи: фотокопија од извод на матична книга на родените, потврда за примени задолжителни вакцини како и потврда од систематски преглед кај стоматолог.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди