Поврзи се со нас

Деца Родители

Родителство: Кој е најдобриот воспитен стил? – пишува Слаѓана Анѓелкоска, доктор по психолошки науки

Објавено

на

По повод Денови на психологијата, кои актуелно се одбележуваат во Македонија, Слаѓана Анѓелкоска, доктор по психолошки науки од Центарот за социјална работа во Гостивар, пишува на тема Родителство и родителски воспитни ставови.

Семејството претставува место во кое децата го стекнуваат првиот модел за интерперсонални односи и формираат еден модел на социјална интеракција. Семејните односи и релации кои се присутни во семејството во кое детето расте и се развива, ги пренесуваат надвор од семејството, а пред се во односите со другите деца.

Воспитувањето на детето има за цел кај детето да развие способност да се прилагоди на културната група на која припаѓа семејството на детето. Родителите се преносители на културните идеи, oвие културни идеи го одредуваат начинот на кој детето ќе биде воспитувано, а тоа воспитување од своја страна одредува во каква личност ќе се развие детето. Каков метод на воспитување ќе се применува врз детето зависи од самиот родител на детето.

Денес се верува дека должност на родителот е да ги задоволи потребите на децата. Родителите во своето воспитување најчесто ги користат истите методи на воспитување на своите родители. Присутни се неколку фактори кои што влијаат врз одредување на воспитните стилови на родителите врз децата. Родителите со повисоко образование се склони на поголема трпеливост кон децата, во однос на родителите со пониско образование. Родителите од руралната средина во поголем број се авторитативни во начинот на воспитување, во однос на родителите од градската средина. Мајките се помалку строги во однос на татковците. Помладите родители се повеќе демократски, во однос на повозрасните родители.

Воспитните родителски ставови се формираат многу рано и се протегаат низ целото детство и адолесценцијата. Тоа преставува релативно доследен начин на однесување на родителот со кој се воспоставува целокупниот однос со родителот. Со промена на развојните потреби на детето се менуваат и воспитните стилови и емоционалните односи кои што се присутни во воспитните стилови.

Најчест начин на групирање на воспитните стилови се во четири различни воспитни стила на однесување:

  1. Авторитативен воспитен стил кој се одликува блискост помеѓу родителот и детето. Родителите поставуваат разумни ограничувања, даваат сугестии и упатства, но дозволуваат отворена комуникација со децата, ги образложуваат своите ставови, ги прашуваат децата за нивните потреби и дозволуваат извесен степен на слобода во поглед на можноста за избор и донесување на одлука.
  2. Авторитарен воспитен стил се одликува со наметнување на постојан родителски авторитет. Родителите даваат наредби,децата слушаат и извршуваат. Комуникацијата е едносмерна –налог-извршување, а односот помеѓу родителите и децата се напнат и крут.
  3. Пермисивен воспитен стил го имаат оние родители кои што немаат никакви барања и ограничувања за нивните деца. Овие родители се топли и грижливи родители, не им се спротиставуваат на своите деца и се соочуваат со проблем да ги контролираат.
  4. Занемарувачки воспитен стил ги карактеризира родителите кои несе ниту вклучени нити заинтересирани за своите деца. Овие родители ниту поставуваат некои посебни барања ниту водат сметка за развојните потреби на своите деца. Децата од родители со ваков воспитен стил изразуваат најмногу емоционални проблеми и проблеми во однесувањето,покажувајќи ниско ниво на самопочитување,самоконтрола,слаб успех на училиште.

Како најдобар воспитен стил од овие четири групи на воспитни стилови е авторитарниот воспитен стил каде што родителите се топли, грижливи, ангажирани. Овие родители се спремни  децата да ги стават пред одредени задачи, но во исто време им даваат и доволно слобода и сето тоа се одвива во атмосфера на меѓусебно почитување, партиципација и отворена комуникација помеѓу родителот и детето.

Родителите кои што во своето воспитувања користат топол попустлив воспитен стил,тие родители емотивно се блиски со своите деца и кон детето изразуваат позитивни емоции. Во таа семејна атмосфера детето е сигурно во љубовта  и поддршка која што ја добива од родителот. Ладен попустлив воспитен стил се карактеризира со општа негрижа за детето, родителите кон детето се однесуваат ладно и одбивно и не се грижат за нивните потреби. Децата со рoдителите се во селективна комуникација за некои теми разговараат со мајката, за други теми со таткото. Таткото е повеќе ангажиран околу школскиот живот, додека пак мајките се непосредно вклучени во социјалниот и емоционалниот живот на децата.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 49 минути

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 4 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 5 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 6 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 8 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 8 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 9 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 11 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена