Поврзи се со нас

Гостивар

Роднини на жртвите во несреќата кај Ласкарци: Паднаа маските на судот, оваа фарса треба да заврши

Објавено

на

Семејствата на загинатите во автобуската трагедија кај Ласкарци не се задоволни од изнесеното на денешното второ рочиште за супревештачењето за несреќата. Во изјава за медиумите Благојче Трпевски, чиј син го загуби животот во несреќата, подвлече дека испитуваниот вештак не давал конкретни одговори, а судот дозволувал се‘ што ќе побара одбраната.

„Паднаа маските на судот, оваа фарса треба да заврши. Ако веќе судот го нарача супревештачењето, тие вештаци треба да бидат со знаење, да ги соочат фактите, да донесат заклучот каде е вината. А не, доктор на науки на основни прашања на обвнитителот, како на пример „каков систем на кочење имал автобусот“, не знае да каже. На секое прашање на обвинителот ги листа страните на супервештачењето, 50-60 од кои повеќе се слики. Ова прераснува во циркус Монти Пајтон. Судијата дозволува судењето да оди во погрешна насока. Дозволува буквално се‘ што ќе побара одбраната со приговори, не дозволуваат обвинителот да постави едно прашање, да има конкретен одговор. Ги замолуваме уште еднаш, како родители, како оштетени да ги сослушаатт сите релевантни докази и факти“, рече Трпевски.

Адвокатот на оштетените, Владимир Николоски смета дека се прави обид целата вина да се префрли на возачот на автобусот.

„Жалам со што се соочуваме, кога претставник на тимот што го извршил супервештачењето, со титула доктор на науки, скоро на секое прашање на обвинителот, одговара со: не знам, не можам да утврдам, не се сеќавам, не го разбирам прашањето…И поради тоа сметам дека пропадна обидот на овие супервештаци, да целата вина се пренесе само на возачот, а сите други кумулативни проспусти на другите обвинети да се занемарат. Се гледа на што се оди, доктор на науки да одговара на прости прашања и да нема конкретен одговор на ниедно прашање. Очигледно е дека се префрла вината само на возачот.“, рече Николоски.

Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, а Техничкиот факултет во Битола, своевремено, дополнително извести и дека го вратиле предметот бидејќи нивните лиценцирани вештаци за машинство се стручни само за енергетика и не можат да вештачат моторни возила. Од Кривичен, потоа, информираа дека контактирале со Универзитетот во Штип и Машинскиот факултет во Скопје, од каде што биле известени дека тие немаат доволно лиценцирани вешти лица за сообраќајни возила кои не учествувале во претходните вештачења. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена