Поврзи се со нас

Рецепти

Ролат со ајвар…сезона му е!

Објавено

на

Периодов во најголемиот дел од семејствата се подготвуваат зимници, меѓу кои секако неизбежен е и ајварот-специјалитет на балканската кујна. Теглите оставете ги за назима, но искористете прилика и со малку од ајварот подгответе еден интересен деликатес: ролат со ајвар и сирење.

Состојки:

5 големи лажици ајвар

5 големи лажици брашно

5 јајца

200 гр. сирење

мал филџан павлака + 3 лажици за филот

100 гр. пилешки гради

Прашок за пециво

Масло, сол

2 суви везени пиперки

Подготовка:

Тесто: Најпрво скршете ги јајцата и одвојте ги жолчките од белките, а потоа со белките измиксирајте цврста пена. Додека ги матите жолчките, додавајте ја павлаката. Откако убаво ќе измиксирате, во смесата додајте го брашното и печивото, посолете и ставете ги ајварот и маслото. Потоа, додадете ја цврстата пена од белки и промешајте. На тава за печење ставете хартија и распоредете ја смесата рамномерно. Печете 10 минути во загреана рерна на 180 степени. Печеното тесто ставете го во влажна крпа, свиткајте го во ролат и оставете да се олади.

Фил: Измешајте 3 лажици павлака со исецканите суви пиперки, сирењето и ренданите пилешки гради. Изладеното тесто премачкајте го со филот и повторно превиткајте го во ролат. Исечете на парчиња и сервирајте.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена