Гостивар
Ромското знаме да биде во официјална употреба во Гостивар, иницијатива на ДСР

Демократски сили на Ромите најави дека ќе покрене иницијатива за официјална употреба на ромското знаме на територијата на Општина Гостивар. Партиска делегација предводена од претседателот на гостиварскиот огранок, Кашмир Салиу, денес беше кај градоначалникот Арбен Таравари. По средбата, ромското знаме беше истакнато во општинскиот прес центар, како симболика на идно официјализирање на неговата употреба.
„Денес за ромската заедница претставува огромен ден. Со градоначалникот разговаравме за многу актуелни прашања, меѓу кои и употребата на ромското знаме. На следната седница на Советот од страна на нашиот советник ќе биде покрената иницијатива за официјална употреба на ромското знаме во Гостивар. Како доказ за тоа, денес во прес центарот се постави ромскот знаме. Ова е историски ден за ромската заедница, сакам на сите Роми во Гостивар и во цела држава да им честитам и на сите општини во Република Северна Македонија да им предложам да го следат овој пример, на овој мултиетнички живот што ние го имаме во Гостивар.“, истакна Салиу.
Ромското знаме во Општина Гостивар ќе им се придружи на македонското, албанското и турското знаме, кои актуелно се во официјална употреба. Тие се истакнати на јарболот пред општинската зграда, се поставуваат на празници, одбележувања и настани, согласно Законот за употреба на знамиња.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 недели
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава