Поврзи се со нас

Спорт

Роналдо веќе не е член на Манчестер јунајтед

Објавено

на

Манчестер јунајтед и португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо спогодбено ставија крај на соработката, соопшти вечерва англискиот фудбалски прволигаш.

– Клубот сака да му заблагодари на Роналдо за придонесот за време на двата негови ангажмани на „Олд Трафорд“. Постигна 145 голови на 346 натпревари. Нему и на неговото семејство им посакуваме сè најдобро во иднина, соопшти Манчестер јунајтед.

– Сите во Манчестер јунајтед се фокусирани на работата со тренерот Ерик тен Хаг за да постигнеме најдобри можни резултати на теренот, се додава во краткото клупско соопштение.

Двете страни се разидоа по контроверзното интервју на Роналдо за TalkTv претходно овој месец, во кое 37-годишниот Португалец изнесе бројни навреди кон клубот и тренерот Тен Хаг.

Веста дека веќе не е член на клубот за кој настапуваше од 2003 до 2009 година, а се врати во август лани, Роналдо ја дочека во Катар каде в четврток со репрезентацијата на Португалија го очекува премиерниот натпревар на Мундијалот против Гана.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена