Поврзи се со нас

Македонија

РСБП: Како да реагирате во сообраќајот кога ќе чуете сирени?

Објавено

на

Пропуштањето на возилата со право на првенство на минување кога со посебни уреди даваат светлосни и звучни знаци е законска, етичка и хумана обврска на секој учесник во сообраќајот. Согласно тоа, РСБСП со совети како да постапите, како одговорен возач, во случај да се најдете во ситуација да го делите сообраќајот со возилата со право на првенство на минување:

1.чекор-лоцирајте го возилото!

Кога ќе слушнете сирена ( звучни знаци), прво и основно не треба да ве фати паника. Бидете смирени и обидете се да откриете од кој правец доаѓа звукот. Исклучете ја музиката и отворете го прозорецот. Логично доколку се зголемува звукот значи дека возилото доаѓа спрема вас, меѓутоа мора да утврдите, дали доаѓа позади вас, од напред или од страна.

2.чекор анализирајте ја состојбата!

Понекогаш се наоѓате во густ сообраќај без место за поместување.Токму затоа би требало да почнете да ја анализирате ситуацијата штом ја чуете сирената. Вашата реакција зависи од многу фактори вклучувајќи ја одделеченоста на возилото со право на првенство на премин, брзината на приближувањето, однесувањето на другите возачи, типот на патот, можноста за безбедно отстранување на вашето возило итн. На вас останува да ја донесете вистинската одлука во вистинскиот момент. Овде не е во прашање само законот. Со вашата реакција можете да го спасите животот на некое дете, сестра, мајка, татко…

3.чекор-одреагирајте!

Доколку се наоѓате на отворен пат, без многу сообраќај, дозволете му на возилото со право на првенство на минување, полесно да ве заобиколи, така што ќе ја намалите брзината и максимално ќе се поместите во десно. Доколку сообраќајот е густ, обидете да најдете место да застанете на страна. Меѓутоа во градските гужви, ситуацијата е неспоредливо покомплицирана-не постои универзален совет. Морате да изреагирате во согласност со околностите. На автопат само ослободете ја левата лента-тоа ќе биде доволно.

4.чекор-гледајте го возачот и внимавајте на неговите сигнали!

Кога ќе се најдете во ситуација да не знаете како да изреагирате при средбата со возило со право на првенство на минување, воспоставете визуелен контакт со возачот и следете ги неговите упатства.

Што не треба да правите?

Без нагло кочење!

Кога ќе го забележите возилото со право на првенство на минување зад себе, најлошо што може да направите е ненадејно да закочите, што не ретко и се случува. Така ризикувате да предизвикате судар, а истовремено и да го забавите возилото со право на првенство на минување.

Без изненадувачки маневрирања!

Однесувајте се како во секоја друга ситуација во сообраќај-пуштете трепкач на време или вклучете ги сите четири доколку планирате да застанете. Возачот на возилото со право на првенство на минување ќе знае да го почитува вашето навремено известување за вашите намери, што и да планирате да направите.

Не паничете!Паниката може само да ја влоши ситуацијата. Според тоа кога ќе чуете сирени зад себе, длабоко вдишете и проценете ја ситуацијата. Доколку можете да помогнете да помине возилото со право на првенство на минување, направете го тоа-доколку не можете, останете смирени и чекајте прва можност да го направите тоа.

Не правете нов проблем!

Со целата своја волја, постои веројатност во обидот да го пропуштите возилото со право на првенство на минување, да предизвикате сообраќајна незгода, па така наместо да помогнете, дополнително да ја искомплицирате ситуацијата. Затоа, обидете се, се што ќе превземате да биде апсолутно безбедно, па дури и ако тоа значи моментално успорување навозилото со право на првенство на минување.

И сантиметар значи!

Возачите на Итната помош се искусни и вешти „борци“ кои ќе знаат да го искористат секој сантиметар кој ќе им го обезбедите со поместување на вашето возило. Доколку сте во можност да им го обезбедите тој сантиметар, напревете го тоа. Сообраќајните ленти се доволно широко направени, така што со поместувањето на возилата од двете страни би се обезбедила уште една лента на средина, за возилата на Итната помош или против пожарната служба.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Македонијапред 7 часа

Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето

Гостиварпред 15 часа

ЦУК: Сообраќајот во отежнати зимски услови, се чистат главните улици, споредните по приоритет

Македонијапред 15 часа

3,5 милиони евра за чистење на снегот по улиците и патиштата низ државата

Гостиварпред 17 часа

Поради дефект прекин на водата во болницата во Гостивар и неколку населби

Гостиварпред 18 часа

Забрани за тешки товарни возила на патот Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево и на други патни правци низ државата

Гостиварпред 18 часа

Гостивар се разбуди под снежна покривка, снег ќе врне и во текот на денот

Магазинпред 1 ден

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Македонијапред 2 дена

Влегуваме во студен бран со снежни врнежи

Македонијапред 2 дена

Регистрација за ДДВ до 15-ти јануари

Светпред 4 недели

Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година

Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Што, како, каде?!пред 1 недела

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 2 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 2 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведени две лица

Гостиварпред 7 дена

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена