Поврзи се со нас

Македонија

РСБСП со апел: Помала брзина за помалку жртви на патиштата

Објавено

на

Мобилност, безбедност и заштита на животната средина се трите клучни приоритети и цели кога станува збор за ограничување на брзината на патиштата.

Секогаш постојат ситуации каде без оглед на брзината со која се движат возилата во сообраќајот, сообраќајните незгоди се случуваат поради човечка грешка, недостатоци на патната или на сообраќајната инфраструктура, техничка неисправност на возилото или  друга непредвидена ситуација.  Ваквите ситуации се во минимален број и во  такви околности  сообраќајните незгоди  нaјчесто завршуваат со не-фатални последици.

Согласно тоа, брзината т.е. брзото и неодговорно однесување во сообраќајот и понатаму останува главна причина за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици. Во одредени ситуации, намалувањето на брзината на возење од само 5 километри на час може да биде клучно дали одредена незгода ќе се случи или не, и дали последиците од незгодата ќе бидат фатални или не.Во 2017 година, во Република Македонија, 155 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди, од нив 72 лица (46,45%) се загинати како последица на брзото возење.

Според одредени истражувања, возачите кои прават само по еден прекршок годишно, а се однесува на правилата за ограничување на брзината (санкциониран од полиција), се наоѓаат во двојно поголем ризик да учествуваат и да настрадаат во сообраќајна незгода.

Според истражувањето на РСБСП, во Република Македонија, повеќе од 80% од анкетираните возачи изјавиле дека некогаш ги имаат прекршено правилата за ограничување на брзината што укажува на сериозноста на проблемот и на неговото потценување од страна на возачите.

Слична е ситуацијата и на светско ниво. Неодамнешна студија на Brake and Direct Line покажува дека 26% од возачите „редовно“ ја пречекоруваат дозволената  брзина во зони на смирен сообраќај каде што брзината на возилата е ограничена со цел да се заштитат децата во сообраќајот, додека од 40 до 50% од возачите признават дека „редовно“ возат со поголеми брзини од дозволените, надвор од зоните на смирен сообраќај.

Брзината е критичен фактор во сите сообраќајни незгоди. Возењето е непредвидливо и доколку се случи нешто што не можете да го предвидите, брзината е клучниот фактор што ќе биде пресуден дали ќе можете да го застанете возилото на време.

Бројките најдобро говорат за важноста на брзината во моменти кога запирањето на возилото на време е клучно за избегнување сообраќајна незгода и за таа цел во прилог ви даваме неколку важни информации за брзината и сопирачкиот пат на возилото.

  • Со брзина од 32km/h оптималната дистанца потребна за запирање е 12m
  • Со брзина од 48km/h оптималната дистанца потребна за запирање е 23m
  • Со брзина од 64 km/h оптималната дистанца потребна за запирање е 36m
  • Со брзина од 80km/h оптималната дистанца потребна за запирање е 53m
  • Со брзина од 96km/h оптималната дистанца потребна за запирање е 73m
  • Со брзина од 112km/h оптималната дистанца потребна за запирање е 96m

Брзините погоре се калкулирани според време на реакција од 0.67 секуди, со претпоставка дека возачот е целосно сконцентриран и не му се намалени рефлексите од умор.

Заштеда на гориво и заштита на животната средина

Базирано на една симулација, намалувањето на брзината на автопат од 120 до 110 km/h може да придонесе за намалување на потрошувачката на гориво кај современите автомобили за 12 до 18%, со претпоставка дека лимитот за брзината се почитува 100%.

Со пореални очекувања, намалувањето на потрошувачката на гориво би било околу 4 до 5% што сепак е значително ако се земе во предвид дека на дестинација од 200 km/h патувањето би било подолго за само 8 до 9 минути.

Значителни заштеди на гориво можат да се постигнат со мотивирање на возачите да го почитуваат ограничувањето на брзинатаи со „еко-возење“кое се базира на возење со конзистентност и помала брзина.

Намалувањето на брзината ги намалува и издувните емисии на автомобилите, особено ПМ честичките од дизел возилата.

Бавното и смирено возење ги намалува емисиите на штетни издувни гасови. Според истражувањето на една германска организација, намалувањето на брзината од 50 km/h на 30 km/h при смирено возење ги намалува издувните емисии на автомобилите и заштедува гориво, но дури и при агресивно возење со помала брзина истражувањето вели дека иако потрошувачката на гориво е поголема, издувните емисии сепак се на пониско ниво, што покажува дека брзината е клучниот  фактор за спречување на загадувањето на животната средина кога станува збор за автомобилскиот сообраќај.

Согласно наведеното, РСБСП со апел до возачите: „За поголема безбедност, за помал број настрадани лица во сообраќајни незгоди, за подобра мобилност, за заштеда на гориво и заштита на животната средина – намали ја брзината и почитувај ги правилата за ограничување на брзината.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена