Гостивар
`Ршум низ улиците во Гостивар: Фатени 8 пијани возачи и 30-тина кои возеле пребрзо
Зачестените сообраќајни контроли и казнувањето, не ги опаметија возачите. Голем дел од возачите во гостиварскиот регион продолжуваат со непочитување на правилата и прописите, со што се ставаат во опасност и себе си и останатите учесници во сообраќајот.
Во средиште на последните контролни активности на полицијата, спроведени изминатиот продолжен викенд беа алкохолот и брзината.
Според податоците од Секторот за внатрешни работи, за присуство на алкохол во Гостивар вкупно биле исконтролирани 44 возачи, а кај осум се утврдило дека го управувале возилото во алкохолизирана состојба. Иста контрола биле извршена и во Тетово, каде од 80 опфатени, 11 биле под дејство на алкохол. „Сите веднаш се исклучени од сообраќај, а на 17 од нив времено им се одземени и возачките дозволи. Покрај тоа, изготвени се и 18 мандатни и еден прекршочен платен налог.“, извести СВР.
Што се однесува до брзината на движење, на гостиварското подрачје биле откриени и казнети 31 возач, поради пречекорување на брзината, додека во тетовско 19.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар