Рецепти
РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Есенска манџа со телешко месо

За следниот ручек ви предлагаме да ја направите оваа чорба, прекрасна комбинација со телешко месо на која нема да и одолеете во овој есенски период.
Состојки
800гр телешка удина
1 главица сецкан кромид
2 црвени домати
2 пиперки
4 компири
1 лажица црвен пипер
сол, бибер, зачин, масло, вода, магдонос
за запршка 50мл масло
1 лажичка брашно
Подготовка:
Прво на загреано масло се ставаат исецкани парчиња телешко месо да се пржат, односно се додека не испари течноста од месото. Од кога ќе остане само мрснотијата од месото се додава кромидот и тој се запржува околу 5 минути. Потоа се додаваат сецканите домати и пиперки. Се динста на тивко додека испари течноста од зеленчукот.
Сега се зачинува, се додава црвен пипер, убаво се промешува и се додава околу 500-600 мл вода. Се остава на тивко да крчка околу 40 минути, па се додаваат исецканите компири и се вари уште 30 минути. Пред крај по потреба се додава тенка запршка од маслото и брашно.
Топол леб и потпечени пиперки со масло и лук, само ќе го зголемат задоволството покрај овој традиционален есенски ручек.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!