Поврзи се со нас

Гостивар

Рурална коалиција мониторираше 6 општини за родовата еднаквост, Гостивар и Врапчиште меѓу нив

Објавено

на

Рурална коалиција денеска ги презентираше мониторинг извештаите од шесте пилот општини каде што го спроведуваше проектот „Со европско знаење за подобрена родова еднаквост во локалната заедница“. Тоа се Кичево, Пласница, Прилеп, Кривогаштани, Гостивар и Врапчиште. Се подготвуваше во периодот јули 2022 до јануари годинава.

„Мониторинг-извештаите покажаа дека сите општини имаат назначено координатори за еднакви можности, но тоа се лица кои се вработени во општините на други работни места, што пак ја оневозможува нивната посветеност и работа на полето на родовата еднаквост. Во најголемиот број општини, со исклучок на општините Гостивар и Врапчиште, комисиите за еднакви можности немале состаноци, ниту пак презеле некои поконкретни активности во локалната заедница на теми поврзани со родовата еднаквост“, стои во соопштението на Рурална коалиција.

Во општините Пласница и Кривогаштани, се додава во соопштението, се забележува намалување и на така скромниот буџет што го имале за реализација на активности од Програмата за родова еднаквост, па така за реализација на едногодишна програма во овие општини за 2023 година се издвојуваат од 35.000 до 60.000 денари.

„Општина Кичево е со нула буџет за активности поврзани со родовата еднаквост во 2022 година и без програма за родова еднаквост, а за првпат средства во износ од 300.000 денари предвидува во оваа 2023 година, што ќе бидат наменети за реализација на активности предвидени во Програмата за родова еднаквост, којашто исто така за првпат се изготвува за оваа 2023 година. Општина Прилеп, пак исто така нема програма за родова еднаквост за 2022 година, ниту пак буџет конкретно наменет за активности поврзани со родовата еднаквост, а во 2022 година поддржале само една организација за манифестација за одбележувањето на денот на руралната жена“, наведува Рурална коалиција.

Исто така, како што пишува во соопштението, „треба да се потенцира дека дел од општините и тоа Кичево и Прилеп, не изготвуваат годишни извештаи за еднакви можности на единиците на локалната самоуправа за напредокот на состојбата со еднаквите можности на мажите и жените, што пак е нивна законска обврска и истиот секоја година треба да го доставуваат до Министерството за труд и социјална политика, најдоцна до март наредната година. Само координаторот за еднакви можности и членовите на комисијата за еднакви можности на општина Пласница се вклучени во креирањето на мерките и програмите на општината, додека пак тоа не е пракса во останатите пет општини“.

„Немањето на буџет, честите промени на членовите на комисиите за еднакви можности, немањето на доволна едукација и познавање на темите поврзани со родовата еднаквост од страна на членовите на комисиите, како и вработените во општините, невклучувањето на жените од месните и урбани заедници во локалните процеси на донесување одлуки, немање на редовна и континуирана соработка со граѓанските организации, но и неинформираноста и недоволна едукација кај самото локално население за значењето на прашањето на родовата еднаквост, особено во ЕУ интеграциските процеси, се главните јазови или предизвици коишто беа идентификувани низ процесот на овој мониторинг“, се додава во соопштението.

Според Лилјана Јоноски, извршна директорка на Рурална коалиција, издвојувањето на буџет за реализација на активности од Програмата за родова еднаквост, е клучен елемент што треба да го практикуваат општините, но и посебната систематизација на работно место – координатор за еднакви можности бидејќи тоа е единствениот начин како може директно да се зголеми влијанието и состојбата со унапредување на еднаквите можности на мажите и жените во локалната заедница.

Локалната истражувачка, пак, Зујца Газепова, ја истакнала важноста од непосредната и директна комуникација на општините со граѓаните и граѓанските организации, особено заради размена на искуства и знаења, а особено го потенцирала фактот дека честата промена на членовите на комисиите за еднакви можности не овозможува континуирано унапредување на состојбата со родовата еднаквост на терен, а дека ваквите алатки за мониторинг треба да ги применуваат и самите општини и тоа на квартално ниво.

„Оттука, следни се нашите препораки за унапредување на овие процеси. Задолжително изготвување, но и реализација на програма за родова еднаквост во секоја општина, задолжителен годишен буџет којшто линеарно ќе се зголемува секоја година, воведување на систем на внатрешен мониторинг со родово-разделени податоци и статистики на квартално ниво, поврзување на активностите и мерките со родово-сензитивни индикатори, унапредување на соработката со граѓанските организации на ниво на партнери во процесите, обезбедување на подеднаква вклученост на мажите и жените во процесите на донесување на одлуки, прилагодување на локалните политики кон ЕУ директивите и акциски планови, а едукацијата треба да биде клучен и задолжителен дел, што редовно ќе го практикуваат сите локални чинители“, се наведува во соопштението.

Проектот „Со европско знаење за подобрена родова еднаквост во локалната заедница“ имплементиран од Рурална коалиција, е поддржан од Реактор – Истражување во акција и нивните партнери преку акцијата „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“. Акцијата е финансирана од Европската Унија и кофинансирана од Шведска.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 9 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 11 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 13 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 13 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 15 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 16 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 18 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 19 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена