Поврзи се со нас

Гостивар

Руралната жена, тивкиот херој на селското стопанство: Можностите затрупани со препреки

Станува со петлите, најрано од сите во домот. Додека целото семејство уште спие, таа ги храни живината, добитокот, па потоа подготвува појадок за домашните…Вредно работи и во полето, рамо до рамо со машките членови од семејството, со часови, напорно, во секакви временски услови и според потребите, во било кое доба од денот…На враќање, обврските во куќата и кујната повторно легнуваат врз нејзниот грб. Руралната жена е тивкиот херој на селското домаќинство и стопанство, но непрепознаена и признаена од општеството како таква, системски дискриминирана, неценета и недоволно платена за својот труд.

Објавено

на

Поради стереотипите и предрасудите жените земјоделки тешко доаѓаат до имот на свое име, не можат да го остварат право на платено боледување, платено породилно отсуство и потешко пристапуваат до права од социјална и здравствена заштита, а работат и до 11 часа дневно.

„Ниту се ценети, а уште помалку платени трудот, како ни работната сила која што жената земјоделка ја вложува во домаќинството и во семејното земјоделско стопанство. За да биде платен трудот на жената земјоделка таа треба да е осигурана, за тоа да го направи треба да има имот на свое име, а само 5-6% од нив имаат имот, обработливо земјиште, на свое име. Често пати тоа не може да го добијат од машките членови од семејството, па остануваат економски неактивни и целосно невидливи за системот. Ваквата дискриминација е целосно спротивно на Директитвата 2010/41/ЕУ која што Република Северна Македонија ја има усвоено и која што треба и да ја имплементира со оглед на ЕУ интеграциите кон кои што цели нашата земја. Само 22% на ниво на целата држава се регистрирани како индивдуални земјоделки. Останатиот број на жени кои што работат “рамо до рамо“ со мажите, а често пати и повеќе од нив се целосно невидливи за системот, со оглед на тоа што на ниту еден начин не е регистрирана нивната работа. И дополнотелно на сето ова, дури и оние регистрираните согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување немаат право на породилно и право на боледување за повреда на работно место, иако уредно ги плаќаат обврските кон државата и на ваков начин трпат огромна дискриминација во општеството.“, ќе рече Лилјана Јоноски, извршна директорка на Рурална Коалиција, организација која долго време ги следи и се занимава со проблемите на жените од руралните средини.

Таа додава дека во поглед на здравствената заштита, жените од руралните средини имаат отежнат пристап и до доктор, гинеколог, што се докажало и преку истражување кое го спровеле во кое биле вклучени над 350 жени.

„Само 9 од нив вршат редовни здравствени и гинеколошки прегледи, а останатите на гинеколог биле последен пат кога го родиле и последното дете. Понатаму, се уште во руралните средини недостига добра рурална инфраструктура (патишта, водовод, канализација), јавен транспорт, нема градинки, осветлување, здравствени и социјални услгуи што уште повеќе ја отежнува и онака тешката положба која што ја имаат жените во руралните средини. “, вели Јоноски.

Неопходна институционална поддршка и споделување успешни приказни

Борбата за еднаков третман и можности бара многу упорност, време, трпение и постојано докажување на своите способности и вредност. И никогаш не престанува. Тоа многу добро го знае Живка Ѓурчиновска од гостиварско Тумчевиште, жена земјоделка, мајка на три деца за кои не користела ниту ден породилно отсуство, која со години не остварувала платен стаж, а сепак низ максимално вложување на труд, едукација и ангажираност успела да создаде приказна за пример. Во селото живее веќе три децении, а како невеста дошла од печалбарско семејство од Брвеница. Се заинтересирала за земјоделското производство, го засакала и видела големи перспективи за развој, ама најпрво требало да се надминат бариерите наметнати од општеството и околината.

„Кога ми пораснаа децата веќе можев да посветувам повеќе време на земјоделските работи. Љубовта кон земјата, производството беше поголема од се’. Многу беше убаво чувството кога она што ќе го произведеш сам, ќе го фатиш во рака, знаеш дека тука ти си го вложил трудот. Ми беше многу примамливо да го совладувам целиот тој процес, патот од семе до производ. Почнаа во земјоделието да се воведуваат субвенции, ИПАРД програми, за рурален развој и слично, во кои видов добри можности. Првиот пат кога му реков на свекор ми да ми препише парче земја за да се регистрирам како индивидуален земјоделец, ми одговори: „Да не сакаш да ни се смеат по селото, кај се видело тоа, свекор да препишува имот на снаата?“. Тоа навистина беше табу тема, свекорот да даде имот на невестата. Но, бев трпелива, останав вредна, почнав да возам и трактор и бали да товарам, што и да е. Сакав со дела да го убедам дека можам. И тој беше многу задоволен од мојата работа, виде дека нема разлика машка-женска работа, се увери дека добро се снаоѓам. Ми префрли имот на мое име и со тоа во 2015 година се регистрирав како индивидуален земјоделец. Така веќе добив права да користам субвенции, дел од приходот на пример од млекото, лешниците да го земам јас, можам да кажам дека станав сам свој газда“, сподели со нас Ѓурчиновска подвлекувајќи дека трудот и работата на жените честопати не се цени доволно, и тоа треба да се менува.

„На жените им треба малку повеќе охрабрување, не да стојат во позадина, туку да се изборат и да веруваат во себе, да се свесни колку вредат и постојано да се едуцираат. Институциите мора да ги помагаат и поддржуваат. Исто така е важно да се споделуваат успешните приказни за жените да се мотивираат, оти навистина жените можат се‘.“, вели Живка која со семејното стопанство имаат фарма за крави, насади со лешници, над 100 декари сопствено земјиште на кое произведуваат пченка, грав, пиперка, итн.

За да има што повеќе вакви слични успешни стории од руралните места неопходно е да се унапредуваат состојбите со родовата еднаквост општо, а во тоа да бидат вклучени сите релевантни чинители.

„На национално ниво, политиките и стратегиите кои што се креираат треба да одговараат на сите потреби и предизвици со кои што се соочуваат жените во нашето општество без оглед на нивната положба, место на живеење, економска состојба. Понатаму, општините имаат и Комисии за еднакви можности како и други тела преку кои што треба да работат, да издвојуваат средства од буџетот за едукација и унапредување на состојбите во локалната заедница. Ние пак како граѓански организации сме тука да бидеме партнери на институциите во реализацијата на целите кои што ги имаме поставено како држава и достигнувањето на еднаква положба на мажите и жените во секоја клетка од општеството.“, потенцира Јоноски.

Ќе се исправат ли неправдите?

Неодамна Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) донесе мислење со кое утврди индиректна, интерсекциска и продолжена дискриминација кон жените индивидуални земјоделки како здравствени осигуренички во остварување на правото на надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство – право на платено породилно отсуство. КСЗД излезе со препорака до Министерството за здравство да изготви соодветни законски измени и дополнувања со кои ќе се надминат ваквите неправди кон жените земјоделки.

Во февруари годинава, Владата донесе Програма за социјална сигурност на жените земјоделки која предвидува 81.000 денари еднократен надомест за деветмесечно породилно отсуство. Тие пари ќе се доделуваат на жени кои родиле дете во периодот од 1 декември 2022 до 1 декември 2023 година и исполнуваат повеќе услови. Меѓу нив: да се носители или членови на семејно земјоделско стопанство, истото да остварило годишен приход од земјоделство од најмалку 300.000 денари и да биле непрекинато осигурани како земјоделки најмалку 12 месеци пред раѓање на детето. Граѓанските организации на ова гледаат како на преодно решение, со оглед дека е временски ограничена, со строги услови и ја нагласуваат потребата од перманентно и одржливо решение кое ќе донесе сигурност и заштита на земјоделките.

Мрежата за заштита од сикриминација неодамна алармираше за проблемот со правото на надомест во случај на бременост, мајчинство и боледување кај земјоделците, Драгана Дрндаревска од Коалиција Маргини порача дека системското решавање носи економски бенефити на долг рок за државата.

„Моментално имаме законско решение коешто не ги мотивира жените да се регистрираат и како такви тие остануваат неактивно население. Со овозможување на повеќе права поради статусот на индивидуален земјоделец, ќе се мотивираат жените да се регистираат, што на долг рок претставува нивно прелевање од неактивно во вработено население, и нивниот приход – од приход којшто се остварува во неформална економија – во приход којшто понатаму ќе се оданочува и ќе се слева во формалната економија“, рече Дрндаревска.

Според истражување на Шведската агенција за развојна соработка – Сида, жените во руралните средини, во светот генерално, можат економски да зајакнат доколку имаат достапност до ресурси и доколку имаат знаење и вештини истите соодветно да ги искористат. Доколку жените имаат пристап до економски можности и контрола над економските придобивки од тие можности, како и доколку можат и знаат да ги искористат тие придобивки за да направат стратешки избори, можат да се очекуваат позитивни промени во нивниот живот.

Проблемите, пречките и предизвиците на руралните жени се идентификувани, за нив веќе гласно се говори и се покренуваат иницијативи за подобрување на состојбите. Останува надлежните да го слушнат гласот и да обезбедат законски решенија, политики и практики кои ќе им гарантираат на овие жени еднаква достапност до образование, социјална и здравствена заштита.

Проектот е финансиран
од Европската Унија

„Програмата „Комисијата за антидискриминација ја извршува својата превентивна и промотивна улога“ ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)“

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 33 минути

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 2 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 3 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 4 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 6 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена