Поврзи се со нас

Македонија

Руралните жени – локални хероини во производството на храна

Објавено

на

Едукацијата, вложувањето во знаењето и развојот на практичните вештини кај жените од руралните средини во делот на претприемништвото е од особено значење за овие мали производителки на храна зашто преку развојот на нивното производство и преработки директно се вложува и во процесот на нивно економско јакнење, просперитет, но и социјална инклузија во општеството, порачува Рурална коалиција.

По повод утрешниот Меѓународен ден на руралната жена, денеска во село Пишица, Пробиштип, Рурална коалиција организира настан на кој ќе биде потпишана декларација за официјализирање на работата на Руралното женско лоби како тело на Рурална коалиција, а ќе се доделат и сертификатите за успешно завршената Меѓународна академија на жени претприемачки од руралните средини.

-Ќе зборуваме за важноста на жените во агро-бизнисот како производителки на храна, подготвени да се прилагодат на сите предизвици особено во ова време кога храната е се поскапа и се попотребна. Со доделувањето на сертификатите, пак, ќе го одбележиме успехот на жените од руралните средини, но и ќе порачаме дека токму тие се локалните хероини во производството на храна, а нам ни останува да го почитуваме нивниот труд, да ги споделуваме нивните приказни и да го поддржуваме секој нивен чекор понатаму, вели за МИА извршната директорка на Рурална коалиција, Лилјана Јоноски.

Вкупно 25 жени од руралните средини од мај до септември годинава беа активно вклучени во првата Меѓународна академија за жени претприемачки од руралните средини што се спроведува во земјава. Низ 13 модули водени од фасилитаторки, 25 жени успеаjа да го поминат процесот на изработка на бизнис план, да размислуваат за унапредување на сопственото производство, како и да разменуваат меѓусебно знаења и искуства.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 7 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 9 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 10 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 11 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 12 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 13 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 14 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена