Вести
Русија и САД разменија затвореници: ВНБА ѕвездата Грајнер за трговецот со оружје Виктор Бут

Американската кошаркарка Бритни Грајнер, осудена во Русија за шверц на дрога, од вчера е на слобода, јавува Си-Ен-Ен.
Недолго по објавувањето на оваа вест, руското Министерство за надворешни работи потврди дека размената се случила на аеродромот во Абу Даби и дека „по размената Виктор Бут се вратил во својата татковина“.
Бритни Грајнер, големата ѕвезда на американската кошарка, а пред се на ВНБА лигата, двократна олимписка шампионка со тимот на САД беше уапсена во февруари 2022 година на московскиот аеродром Шереметјево, бидејќи имала шишиња со масло од канабис кои се користат наместо класични, никотински цигари, а меѓу нив имало и хашиш.
Од друга страна, американците, го нарекоа Бут „трговец на смртта“, а пред десет години поранешниот советски офицер беше осуден на 25 години за „заговор за убивање Американци, набавка и продажба на противвоздушни ракети и обезбедување материјална поддршка на терористички организации“. Официјална Москва таа пресуда ја нарече неоснована и срамота, а самиот Бут цело време тврдеше дека е невин. Тој беше инспирација за филмот „Господар на војната“ од 2005 година во која Николас Кејџ ја игра главната улога.
Пред почетокот на воената операција во Украина, Русија за размена на Виктор Бут нудеше 15 американски заробеници.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?