Поврзи се со нас

Вести

Русија и САД разменија затвореници: ВНБА ѕвездата Грајнер за трговецот со оружје Виктор Бут

Објавено

на

Американската кошаркарка Бритни Грајнер, осудена во Русија за шверц на дрога, од вчера е на слобода, јавува Си-Ен-Ен.

Недолго по објавувањето на оваа вест, руското Министерство за надворешни работи потврди дека размената се случила на аеродромот во Абу Даби и дека „по размената Виктор Бут се вратил во својата татковина“.

Бритни Грајнер, големата ѕвезда на американската кошарка, а пред се на ВНБА лигата, двократна олимписка шампионка со тимот на САД беше уапсена во февруари 2022 година на московскиот аеродром Шереметјево, бидејќи имала шишиња со масло од канабис кои се користат наместо класични, никотински цигари, а меѓу нив имало и хашиш.

Од друга страна, американците, го нарекоа Бут „трговец на смртта“, а пред десет години поранешниот советски офицер беше осуден на 25 години за „заговор за убивање Американци, набавка и продажба на противвоздушни ракети и обезбедување материјална поддршка на терористички организации“. Официјална Москва таа пресуда ја нарече неоснована и срамота, а самиот Бут цело време тврдеше дека е невин. Тој беше инспирација за филмот „Господар на војната“ од 2005 година во која Николас Кејџ ја игра главната улога.

Пред почетокот на воената операција во Украина, Русија за размена на Виктор Бут нудеше 15 американски заробеници.

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена