Вести
Русија во јули зазеде уште 200 квадратни километри во источна Украина

Руските сили во јули ја презедоа контролата на речиси 200 квадратни километри во источна Украина, главно во регионот на Доњецк, се наведува во извештајот на американскиот Институт за проучување на војната (ИСВ).
Тој „успех“, сепак, е половина од она што Русија го постигна во мај годинава кога војниците ја преместија линијата на фронтот и презедоа контрола на 449 квадратни километри на почетокот на новата руска офанзива во регионот Харков, што потоа беше прекината.
Тогаш тоа беше најголемиот напредок на месечно ниво од март 2022 година.
Од почетокот на 2024 година Русија освои 1.246 квадратни километри, значително повеќе отколку во цела 2023 година кога окупираше 584 квадратни километри украинска територија.
Од почетокот на СВО во Украина на 24 февруари 2022 година, Русија зазеде 65.776 квадратни километри. Додека со Крим, што е анектиран во 2014 година и источните области кои веќе беа под руска контрола пред почетокот на инвазијата, површината заземена од Русија изнесува 107.956 квадратни километри или 18 отсто од украинската територија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос