Гостивар
Русино гори втор ден, еко-активистите предупредуваат на еколошка катастрофа

По синоќешното задушување од чад, во Гостивар денес воздухот е подрасчистен, но депонијата Русино се` уште гори, над неа се издига чад и мирис на изгорено. Борбата да се воспостави целосна контрола над ситуацијата, се` уште трае. Екипи од гостиварски Комуналец, Противпожарната единица на Гостивар и Тетово, како и приватни фирми до доцна ноќеска работеле на гаснење на големиот пожар на Русино, а на терен излегоа повторно, рано утрово.
Од „Комуналец“ оценуваат дека состојбата се подобрува, не е критична како вчеравечер, и велат дека продолжуваат да интервенираат. Во акцијата се приклучи и Дирекцијата за заштита и спасување.
„Утрово, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски заедно со вработените од Подрачното одделение во Гостивар беа на терен и за справување со пожарот Дирекцијата ангажираше градежни машини како поддршка на ТППЕ Гостивар и Комуналното претпријатие на Гостивар. Остануваме на терен се до конечно гасење на пожарот во депонијата.“, рекоа од Дирекцијата.
Денес на депонијата беше Здружението ГвЕко од каде испратија аларм за огромна еколошка катстарофа, штети по животната средина и по здравјето на луѓето.
„Вчеравечер Гостивар го преживеа својот холокауст. Целиот град беше во чад како во Аушвиц, не се дишеше и граѓаните се гушеа, а никој не излезе со официјален став и препораки да им каже што да прават, како да се заштитат во таква алармантна ситуација. Русино е на само неколку километри од Гостивар и често гори, се создава чад, штетни гасови кои се опасни за здравјето на граѓаните. Депониите треба да функционираат според ЕУ стандарди. Бараме од раководителот на депонијата јавно да даде податоци каква депонија е Русино, за видот и количината на примен отпад, методите на складирање и слично. Бараме од Министерството за животна средина да каже по какви стандарди е направена Русино. Ситуацијата е навистина алармантна. Да се надеваме дека вечер нема повторно да се гушиме“, нагласи Валентина Штерјовска, еко-активист од Здружението ГвЕко.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош