Поврзи се со нас

Вести

Русино ќе се модернизира во фази, ветено решавање на барањата на жителите

Објавено

на

Долгогодишните најави за уредување и модернизирање на регионалната депонија Русино, чекорат кон исполнување. Градоначалниците од полошките општини, заедно со министрите за животна средина, Садула Дураки и за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу го промовираа Проектот за подобрување на управувањето со цврст отпад во Полошкиот регион со кој треба да се воспостави соодветен систем за собирање, третман и преработка на комуналниот отпад, усогласен со европското законодавство. Иако, состојбата со ѓубрето речиси во сите општини е алармантна, чекорите кон долготрајното решавање на проблемот, сепак ќе бидат мали и постепени. Најпрво, во рок од една година, ќе се врши испитување на теренот, квалитетот на почвата и штетноста врз водата и воздухот, а потоа ќе се пристапи на реализација на регионални инвестициски мерки и инфраструктура и опремување на јавните претпријатија.

„Во меѓувреме предвидени се краткотрочни мерки, односно дренажа на земјиштето и отпадните води, која е важна и за населението и за долгорочната мерка, стандардизирање на цела депонија Русино“, изјави Теута Арифи, градоначалник на Тетово.

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари информираше дека жителите од селата околу Русино, имаат свои барања со кои ќе им се гарантира дека депонијата нема да им го загрозува здравјето. „Се надевам дека ќе исполниме барем половина од нив, особено за заштита на почвата, воздухот и водите од натамошно загадување“, рече градоначалникот.

Проектот за подобрување на управувањето со цврст отпад во Полошкиот регион финансиски е поддржан од Швајцарската Влада со 7,8 милиони швајцарски франци.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена