Гостивар
Русино – Министерот Нуредини издаде наредба за итно спроведување на брзите мерки

Објавено
пред 2 месецина

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, издаде наредба на Центарот за развој на Полошкиот плански регион, преку изведувачот „Пелагонија“ АД Гостивар и ЈКП „Комуналец“ Гостивар, да спроведат брзи мерки за санирање на последиците по животната средина од работењето на постојната локација за отстранување на отпад во Русино, Општина Гостивар.
„Брзите мерки треба да опфатат изградба на систем за третман на исцедокот кој се состои од насип кој ќе спречува влевање на атмосферски води во веќе депонираниот отпад, канал, резервоар и пумпа што ќе го враќа исцедокот во постоечката депонија, административна куќарка за вработените, вага за мерење на возилата кои транспортираат отпад за депонирање и делница каде ќе се постави вагата, за што се обезбедени средства преку Проектот за воспоставување на новиот регионален самоодржлив систем за управување со комунален отпад во целиот Полошки регион преку грант од Швајцарската Влада за Владата на РСМ од 1.900.000,00 швајцарски франци. Овие активности досега не беа спроведени поради административно одоговлекување на постапките, заради што министерот Нуредини согласно начелата за превенција и висок степен на заштита од Законот за животна средина, издаде наредба со која ќе се спречи натамошното зголемување на акумулацијата на полутанти во сите медиуми на животната средина во пошироката околина и загрозување на здравјето на луѓето.“, соопшти Министерството за животна средина.
Од таму информираа дека во рамки на проектот досега се реализирани следните активности: Изработен и одобрен од страна на МЖСПП Регионален план за управување со отпад за Полошки регион; Стратешка оцена на животната средина на планот (СЕА); Физибилити студија (ФС); Анализа на придобивките и трошоците (АПТ); Оцена на влијанието врз животната средина (ОВЖС); Детални проекти и помош при подготовка на тендерски дoкументи за договори за работи и набавки за изградба на избраните постојки за претовар, третман и отстранување на отпад, за затворање и санација на нестандардни депонии и диви депонии и за набавка на опрема за собирање и транспорт на отпад сообразно со стандардите на ЕУ; Подготовка на севкупната документација за основање на Регионално Јавно Претпријатие за управување со отпад за Полошкиот регион; кое ќе управува со идната регионална депонија, а ќе се финансира сразмерно од страна на секоја општина; Набавени се контејнери за сите општини во Полошкиот регион; и Изработени и емитувани се ТВ спотови за подигнување на јавната свест кај граѓаните.
Успешното завршување на овој проект е предуслов за обезбедување на дополнителни средства за изградба на санитарната депонија, потенцираат од Министерството.
Поврзани теми:
Advertisement
АНКЕТА:

Гостиварпред 2 часа
Бројот на активно корона заразени во регион на Гостивар падна на 332

Гостиварпред 3 часа
Од полноќ поскапуваат горивата

Гостиварпред 4 часа
Во подготовка е долгорочен план за управување со дивокозите во НП Маврово

Гостиварпред 5 часа
Гостиварец ја нападнал сопругата, приведен е во полиција

Гостиварпред 6 часа
Еден од условите да донирате конвалесцентна плазма е да имате над 55 килограми

Гостиварпред 7 часа
Студенилото продолжува уште неколку денови

Вестипред 7 часа
Снег падна во Сахара и Саудиска Арабија

Гостиварпред 9 часа
Православен празник Водокрст (Водопост) во чест на крштевањето

Гостиварпред 3 недели
Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Гостиварпред 4 недели
Надминат проблемот на „купувај домашно“ приговори може да поднесуваат и граѓаните на Општина Гостивар

Македонијапред 4 недели
Во тек е исплата на финансиска помош од 100 евра, приговорите се разгледуваат

Гостиварпред 1 недела
Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Гостиварпред 3 недели
Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Гостиварпред 2 недели
Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

Гостиварпред 1 недела
(ВИДЕО) Локал крај патот Тетово-Гостивар полн со танчерки и гости, најден е и пиштол

Гостиварпред 4 недели
Какво време не‘ очекува оваа работна недела?

Спортпред 3 месеци
На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

Спортпред 4 месеци
На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

Гостиварпред 4 месеци
ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Спортпред 5 месеци
Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

Гостиарскипред 6 месеци
ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

ФОТО ВЕСТпред 10 месеци
Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

ФОТО ВЕСТпред 10 месеци
Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)

Гостиварпред 10 месеци
ФОТО ВЕСТ: Полициски час! Гостивар после 21 часот
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 1 месец
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар во тага, го загуби доктор Трајче Нешковски
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Спортпред 3 месеци
Важни победи за ФК Гостивар и Вардар Форино во 7.коло во 2МФЛ
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка