Вести
Русино останува регионална депонија за Полог
Депонијата Русино, која децении наназад претставува еколошка опасност за гостиварци, ќе остане регионална депонија за отпадот од сите девет општини во Полог. Градоначалниците на општините во декември лани потпишаа меморандум за соработка, според кој ѓубрето и натаму ќе завршува на Русино, локација која била избрана како најсоодветна за депонирање на отпад.
Гостиварската локална власт тврди дека граѓаните во иднина нема да имаат последици по здравјето од депонијата и дека околината нема да се загадува, затоа што Русино ќе прересне во современо уредено место за депонирање отпад. За таа намена биле обезбедени 5 милиони евра од Швајцарската влада и други средства од кредити. Градоначалникот Арбен Таравари најави дека уредувањето на терен ќе започне во јуни годинава.
„Кога разговаравме со претставници на Швајцарската Амбасада рекоа дека се направени студии за повеќе локации во полошко и дека Русино е најпогодно за депонирање. Земјата е глинена и не дозволува да се апсорбираат загадените материи. Според нив, покрај глината ќе се тампонира и околу метар и половина специјални супстанци коишто ќе оневозможат пропуштање на токсични материи. Гарантираат дека ќе биде еколошки убаво преработена средина, воздухот нема да се загадува и граѓаните нема да имаат никакви последици од тоа што Русино ќе биде регионална депонија“, изјави Таравари.
Сега за сега, Русино е далеку од отворање на фабрика за рециклажа. Процедурите за тоа да се оствари се долги и за да се реализираат неопходна е соработка меѓу централната и локалните власти.
Градоначалникот оценува дека Гостивар ќе има бенефит од користењето на Русино како регионална депонија. Сепак, што и колку точно ќе има корист општината, не можеше да каже, затоа што до сега не е направен договор со јавните комунални претпријатија од другите полошки општини кои ќе го носат отпадот на гостиварска територија.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија: НОВОГОДИШНО „НАРАЧАНО“ ИНТЕРВЈУ со Дедо Мраз | Gostivarpress.mk