Поврзи се со нас

Вести

Руската армија гаѓаше градови низ Украина, гранатирани Киев, Лавов, Днепар, Запорожје, Харков

Објавено

на

Еден ден откако Владимир Путин го обвини Киев за тероризам за нападот на мостот Керч што го поврзува полуостровот Крим со копното, утрово руската војска целеше градови низ Украина.

Киев, Харков, Запорожје, Лавов, Днепар и Тернопил биле под напад на руските војски.

Ова е прв напад врз Киев од 26 јуни, а според информациите на украинските власти загинале најмалку осум лица.

Засега нема информации за загинати и ранети во нападите врз градовите во внатрешноста на Украина, повеќето од погодените места се без електрична енергија, погодена е термоелектраната во близина на Киев, како и уште 11 други стратешки цели.

Повеќето западни земји издадоа наредба, амбасадите и нивните граѓани итно да ја напуштат Украина.

„Нападите утринава низ Украина покажуваат дека Русија се обидува да не уништи и да не избрише од лицето на Земјата“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Неофицијално погодено е седиштето на украинската служба за безбедност во Киев.

Според извештаите на руските служби, во утринскиот напад испукани се 47 крстаречки ракети во областа Николајев, 60 во Киев, 15 во Лавов, 27 во Виница, 20 во Харков, 15 во Одеса, 10 во Днепропетровска област.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена