Поврзи се со нас

Вести

Руските бомбардери Ту-22М3 за првпат полeтаа кон Украина

Објавено

на

За првпат од почетокот на воената операција во Украина, Руската Федерација ги активира суперсоничните стратешки бомбардери со долг дострел Ту-22М3, кои како известуваат руските медиуми се упатија кон „Азовстал“.

Под фабриката „Азовстал“ во Мариупол има подземен град, а некои згради се дизајнирани да издржат нуклеарен удар, изјави Јан Гагин, советник на премиерот на самопрогласената Народна Република Доњецк.

Овој потег на Руските сили најверојатно е одговорот на ултиматумот кој вчера беше испратен до Киев и воените единци во Мариупол. Русија до кабинетот на украинскиот претседател Владимир Зеленски упати ултиматум дека, ако до 6 часот по московско време не биде договорено предавање на челичарницата „Азовстал“ во Мариупол, таа ќе биде срамнета со земја со вакуумски бомби. На сите украински војници кој ќе се предадат загарантирано им е дека нивните животи ќе бидат поштедени.

Рокот за предавање истече во без позитивен одговор од Киев. Напротив, оттаму забранија да се преговара за предавање и издадоа наредба да се пука на секој што сака да се предаде, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

Според него, во металуршкиот комбинат заедно со украинските сили се блокирани и околу 400 странски платеници, мнозинството од нив европски државјани, но и на САД и Канада.

Руските бомбардери Ту-22М3, товарени со ненаведувачки воздушни бомби со огромна разорна моќ, ФАБ-500.

Ту-22М3 е стратешки суперсоничен бомбардер со променлива геометрија на крилата кој може да се користи за различни видови борбени мисии. Во своето вооружување поседува широк спектар борбено оружје од кое, секако, најопасна е ракетната компонента од класата воздух-земја и воздух-море.

Ова летало покрај силното ракетно вооружување има и далеку подобри летно-технички карактеристики. Ту-22М3 поседува авионика со сегменти на вештачка интелигенција.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена