Поврзи се со нас

Вести

Руско МО: Руската војска целосно се повлече од Херсон

Објавено

на

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека го довршило повлекувањето на силите од западниот брег на реката Дњепар во украинската јужна област Херсон, јави Тасс.

Во неговиот дневен извештај, што го цитираа руските новински агенции, Министерството информираше дека сите руски сили и опрема се префрлени на левиот или источниот брег на реката.

Повлекувањето било завршено утрово до 5 часот по локално време. Русија нареди повлекување во средата, откако изјави дека обидите за одржување на нејзините позиции и снабдувањето на силите се „залудни“ во светло на растечката украинска контраофанзива.

Кремљ денеска објави дека повлекување на руските сили од Херсон нема да го промени статусот на регионот, што Москва го прогласи за дел од Русија.

Русија ги окупира Херсон и три други украински области, откако во септември го одржа тоа што го нарече референдуми, нешто што Киев и западните влади го осудија како незаконско и присилно. Но, неодамна објави дека нејзините сили, соочени со голема украинска контраофанзива, ќе се повлечат од градот Херсон.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков пред новинарите истакна оти статусот на регионот е „фиксен“ и дека не се возможни промени.

– Тоа е дел од Руската Федерација – законски фиксирано и дефинирано. Нема и не може да има промена, подвлече Песков.

Како што појасни тој, Москва не жали што објави анексија на Херсон и останатите три региони на триумфалната церемонија во главниот град на Русија на 30 септември, кога рускиот претседател Владимир Путин рече дека четирите области ќе останат дел од државата „засекогаш“.

Во првите јавни коментари на Кремљ, по најавата на министерот за одбрана Сергеј Шојгу дека руските сили ќе се повлечат од градот Херсон на спротивната страна од Дњепар, Песков посочи оти тоа е одлука на Министерството за одбрана и тој „нема што да додаде“.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 24 минути

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 2 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 3 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 4 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 5 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 6 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 8 часа

11 намирници за подобра циркулација

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена