Поврзи се со нас

Свет

Руте: Одвојувањата за одбрана на членките на НАТО ќе бидат значително над два отсто

Објавено

на

    Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека идните квоти за трошоците за одбраната на членките на Алијансата ќе бидат значително над два отсто од бруто домашниот производ (БДП), објавија денеска германските медиуми.

    „Велт“ го пренесува неговото став дека одлука за тоа ќе биде донесена во наредните месеци.

    Руте рече дека партнерите од НАТО во следните месеци ќе одлучат за конкретните детали на ова прашање, имајќи го предвид, пред се, одржувањето на следниот самит на Алијансата во јуни во Хаг.

    Според германскиот весник, дипломатите очекуваат дека на самитот ќе има силно противење за издвојување од три до 3,5 отсто од БДП за одбраната, поради што Руте повика на поголема солидарност меѓу членките на НАТО.

    • НАТО мора да биде единствен како сојуз. Меѓутоа, товарот мора да биде подеднакво поделен меѓу Европа, Канада и САД, за Американците да не плаќаат премногу, а ние премалку, рече тој.

    Во исто време, Руте ја повика Германија да ги зголеми трошоците за одбрана, како и производството на оружје, нагласувајќи дека земјата треба да направи повеќе, иако има направено значителен придонес од почетокот на војната во Украина.

    Тој за германскиот весник се осврна и на воената поддршка на Берлин за Киев, која е од клучно значење, како и неодамнешното отворање на германска воена база во Литванија за заштита на балтичкиот регион од Русија.

    • Со оглед на големината на германската економија, сакаме таа да направи уште повеќе, рече Руте, додавајќи дека НАТО мора да се подготви за војна.
    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена