Кошаркарите на гостиварскиот прволигаш ја запишаа третата победа во сезоната 2020/21, совладувајќи ја вечерва во Младост екипата на Вардар со резултат 91-53.
„Црвено-црните“ беа рамноправен противник само во првиот период кој заврши 13-13. После тоа гостиварци наметнаа ритам кој гостите од Скопје не можеа да го следат, добивајќи го вториот периодот со 30-9, на полувреме се замина со резултат 43-22.
Разликата во корист на домаќинот се зголемуваше и во вториот дел, по што Србиноски дозволи натпреварот да го довршат дел од играчите од младинскиот погон. Младите гостиварци Ристоски, Стојаноски и Пецаноски ја искоростија дадената шанса прикажувајќи одлична игра. Натпреварот заврши +38 за „бело-сините“.
Армстед беше најефикасен поединец на натпреварот, со Димитриевски дури имаа 100% реализација, постигнувајќи 17, односно 14 поени, исто толку запиша и Тодоровиќ. Димчевски и Јанески постигнаа по 11, Ристоски 7, Костоски 5, Тасовски и Штерјов по 4, и Стојановски и Пецаноски по 2 поени.
Кај гостите најефикасен беше Ташовски со 12 поени.
Натпреварот во салата „Младост“ во Гостивар, започна со едноминутно молчење во знак на почит кон некогашниот селектор на машката, на женската сениорска и на младинската репрезентација на Македонија, Марјан Лазовски, кој почина денеска.
error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!
Оваа страница користи колачиња (cookies), за да осигураме дека ви го даваме најдоброто пребарувачко искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со тоа. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме и управуваме со колачињата, можете да прочитате на Политика за колачиња.OK