Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Ружата како лек – Како да ја подготвите и за што може да ви помогне?

Објавено

на

Првата асоцијација, кога ќе се спомене ружата секако е убавината. Но, освен како украс и за декорација, ружата успешно може да се користи и како природен лек. Позитивните дејства на ова растение се познати од далечното минато, а древните народи редовно го употребувале во разни медицински рецепти. Еве неколку примери:

Чај од ружа

Можете да го конзумирате за прочистување на крвта, при болести на црниот дроб и жолчката како и проблеми со варењето на храната и болки во желудникот. Чајот помага и за регенерирање на цревната флора, уништена од прекумерна употреба на антибиотици.

Во еден сад се две супени лажици суви ливчиња од ружа се поливаат со 3 дл врела вода, садот се затвора и се остава да отстои 5-10 минути.

Оцет од ружа

Ова е одлична течност која може да помогне како облога против отоци, лосион против акни и за испирање на усната празнина при воспаление на непцата. 125 гр. свежи ливчиња од ружа, се прелеваат со 1 литро вински оцет и се остава да одлежи 9 – 10 дена, по што може да се користи.

Сируп од ружа

Благотворен за јакнење на срцето, нервите, против замор, како и за прочистување на белите дробови. Се препорачува на пушачи.

Еден филџан свежи ливчиња од ружа се прелева со литро врела вода и се остава да отстои 24 час во затворен сад. Потоа течноста се процедува, се додава 250 гр. кафеав шеќер и се вари на тивок оган додека шеќерот не се истопи. Откако ќе се истопи се додава сок од еден лимон и се доварува уште 5 минути. Се конзумира 2 до 3 лажици дневно.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 минути

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 39 минути

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 2 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 3 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 4 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 6 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена