Гостивар
Сѐ уште гори кај Врбен! Во гаснењето вклучени специјалци Тигри, направен противпожарен појас

Големиот шумски пожар над горнореканското село Врбен е сѐ уште активен. Рано утрово се работело на создавање противпожарен појас, а моментално на терен огнот го гаснат пожарникари, вработени во НП Маврово, локално население како и припадници на специјалната единица Тигри.
„Синоќа побарав помош од фирамата Бехтел и Енка , одговорија позитивно, пристигна голем булдожер, со кој рано наутро пред изгрејсонце почна гребење на почвата, таканаречен противпожарен појас ,со ширина од околу 4 метри, со што горнот дел од овој пожар е обезбеден и ќе биде прекинат, нема да може да продолжи кон блиската шума во насока кон Шар Планина. Иако во текот на ноќта пожарот беше ставен под делумна контрола, моментално повторно се разгорува на едне крак и тоа во насока на густа шума. На лице место испративме 24 специјалци од Тигрите, на терен има и има 20 вработени во НП кои со поддршка на пожарникари од Гостивар се обидуваат да го спречат ширењето на огнот. Од воздух помага големиот полициски хеликоптер Ми 171 а набргу ќе му се придружи и словенечкиот хеликоптер. Кога гледав синоќа како горат стари дрва, ели по 20 до 30 метра, тоа изгледа многу тешко и жално, борбата со огнената стихија е многу тешка“, информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Освен ела, на тој терен горат и смерки.
Во земјава вчера имало 38 пожари на отворено, 24 се изгаснати, 5 се под контрола, додека 9 се активни.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос