Македонија
САД прва, Русија втора, Македонија на 108 место како воена сила во светот

Северна Македонија за 2023 година, на најновата листа како воена сила е рангирана на 108-то место од 145 од земјите што се разгледуваат за годишниот преглед на Global Firepower (GFP), објави интернет-порталот „Глобал фајерпауер“. Тоа во споредба од лани за е напредок за македонската армија за 27 места на листата за воена способност и моќ на армиите во светот.
Финализираното рангирање на Global Firepower користи над 60 индивидуални фактори за да го одреди резултатот PowerIndex на одредена нација (‘PwrIndx’) со категории кои се движат од количина на воени единици и финансиска состојба до логистички способности и географија.
Рангирањето, објави порталот, на нациите во светот е врз основа на моменталната достапна огнена моќ.
Од соседството Грција на листата за воена способност и моќ на армиите е на 30. место, додека Србија на 58. место, Бугарија веднаш после неа на 59. место. Хрватска е на 69. место, Словенија на 86. место, додека Црна Гора на 128., а Босна и Херцеговина на 133. место. Косово е на 134. место на листата.
Прва на оваа листа за моменталната состојба се САД, втора е Русија, трета Кина, четврта Индија, на петтото место е Обединетото Кралство, шеста е Јужна Кореја, потоа се Пакистан, Јапонија, Франција и Италија. Украина е на 15. место.
– Нашата единствена, внатрешна формула им овозможува на помалите, технолошки понапредни нации да се натпреваруваат со поголеми, помалку развиени моќи, а специјалните модификатори, во форма на бонуси и казни, се применуваат за дополнително да се усоврши списокот што се составува годишно. Стрелките во боја (зелена, сива и црвена) ја означуваат споредбата на трендовите од година во година (горе, стабилно, долу). Трендовите не мора да укажуваат на опаѓање на моќта бидејќи промените во формулата GFP исто така може да го оправдаат ова, се наведува на веб страницата на Global Firepower.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава