Вести
Саем на книга во Гостивар: Тридневен празник за вљубениците во читањето
Вљубениците во читањето од Гостивар и регионот имаат можност да ги збогатат домашните библиотеки со нови наслови. Во спортската сала „Младост“ во Гостивар денес свечено беше отворен Саем на книгата од мултиетнички карактер, на кој учествуваат петнаесетина издавачки куќи, со дела на домашни и странски автори. На штандовите има книги од различни жанрови: белетристика, стручна литература, детски книги, енциклопедии и друго.
„Ние на Саемот се претставуваме со пет издавачки куќи и нудиме најразлична литература за сите возрасти. Ги покануваме граѓаните да дојдат, да бидат дел од овој Саем и да ги збогатат своите библиотеки со нови книги“, рече Ива Никодиновска од книжарници „Култура Гост“.
Саемот на книгата се организира под покровителство на општина Гостивар, во соработка со Здружението на албански издавачи во Македонија.
„Сакам да пренесам порака како лекар, невролог. Најдобар начин за развивање на имагинацијата е читањето на книги. Се надевам дека секој гостиварец ќе го посети Саемот, ќе купи книга и што повеќе сите да посветуваме време на читање, наместо да седиме на телефони и таблети.“, нагласи на свеченото отворање градоначалникот Арбен Таравари.
Саемот на книгата во Гостивар ќе трае три дена, односно до среда (28 ноември). Во рамки на манифестацијата ќе бидат организирани промоции, тематски средби, изложби и други интересни содржини за посетителите.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар