Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Сакате да се откажете од пушењето? Научниците тестираа нов метод што се покажа доста ефикасен

Објавено

на

Пушењето е зависност од која е многу тешко, речиси невозможно да се ослободите. Сепак, некои луѓе успеваат во тоа, додека многумина само се обидуваат со повремени прекини, по што се враќаат на оваа штетна навика бидејќи нагонот за пушење е многу посилен.

За сите оние чии нови одлуки вклучуваат откажување од пушењето, научниците имаат добри вести, односно метод кој би можел да им помогне да се откажат. Клучот е – паметни часовници, односно специјална апликација за уреди што се носат и би можеле да им помогнат. Според научниците од Универзитетот во Бристол, тоа е првата апликација наменета за откажување од пушење која работи целосно на паметни часовници и не бара поврзување со паметни телефони.

Резултатите од истражувањето се доста охрабрувачки и позитивни, но бидејќи беше спроведено на ограничен број луѓе и во краток временски период, во иднина ќе бидат потребни подетални истражувања за да се покаже колку овој метод е успешен на долг рок.

Како дел од истражувањето бил развиен специјален софтвер кој користи сензори за движење на уреди што се носат и ги препознава движењата на рацете специфични за палење и држење цигара. Кога апликацијата ќе препознае дека сопственикот пали или држи цигара, екранот ќе почне да трепка и часовникот ќе вибрира, додека на екранот ќе се појават пораки што би требало да поддржуваат откажување од пушењето. Овие пораки се напишани од луѓе кои се откажале од пушењето или од пушачи кои сè уште се обидуваат да се ослободат од оваа навика.

– Откажувањето од пушењето ви овозможува полесно да дишете. Откажувањето е добро – се вели во една порака, додека другите пораки го покажуваат вкупниот број испушени цигари, односно бројот на испушени цигари во текот на денот.

Во истражувањето, објавено во научното списание „Ем-ај-ар форматив рисрч“, апликацијата била тестирана на 18 луѓе кои имале намера да се откажат од пушењето. Сите што учествувале во истражувањето, а станува збор за луѓе на возраст од 18 до 70 години, пушеле повеќе од 10 цигари дневно, додека ги држеле во десната рака, на која носеле и „тиквач“ со две специјални апликации.

По двенеделно користење на апликациите, тие пополниле прашалник од 27 прашања во кој дале повеќе или помалку позитивни оцени за употребата на паметните часовници со софтвер кој треба да им помогне да се откажат од пушењето, а повеќе од 60 отсто од нив нагласиле дека пораките што им биле прикажани на екранот биле важни и клучни за одвикнување. Исто така, се покажа дека апликацијата успеала да ја подигне нивната свест за штетните ефекти од пушењето и им помогнала да пушат помалку, а тие генерално се чувствувале позитивно за откажувањето од пушење.

Од друга страна, дел од испитаниците рекле дека ваквите пораки со текот на времето ја губат својата ефикасност, а за некои се премногу нејасни.

Во соработка со Енаука.мк

Сподели ја веста:
Advertisement
Македонијапред 4 часа

МВР за пожарот во Кочани: Осомничени над 20 лица, фирмата немала легална лиценца

Македонијапред 7 часа

Седумдневна жалост во Македонија за трагедијата во Кочани

Македонијапред 8 часа

Централна потерница за 4 лица во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, увидот сѐ уште трае

Македонијапред 9 часа

Над 150 млади лица повредени во пожарот во Кочани хоспитализирани во болниците низ земјава

Македонијапред 11 часа

Голема трагедија-51 лице загина во пожар во дискотека во Кочани, стотина се повредени

Здравје и убавинапред 23 часа

Вежба „4-7-8“ против несоница

Светпред 1 ден

Илјадници демонстранти на улиците во Белград: Студентски протести против корупцијата и неефикасноста на владата

Вестипред 1 ден

Извлечени се лицата чиј чамец се преврте во Мавровско Езеро

Гостиварпред 1 ден

Се превртел чамец со две лица во Мавровско Езеро, во тек е спасувачка акција

Гостиварпред 4 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 2 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Македонијапред 4 недели

Се крои нова листа на работни места со бенифициран стаж

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена