Поврзи се со нас

Занимливости

Сакате да живеете на Марс? НАСА бара доброволци за симулирање живот на оваа планета

Објавено

на

Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА објави повик за учество во втората едногодишна програма за симулирање живот на Марс, наречена „Аналог за испитување на здравјето на екипажот и истражувањата“ (Crew Health and Performance Exploration Analog), позната под кратенката „ЧАПЕА“.

Во мисијата „ЧАПЕА 2“, којашто би требало да почне пролетта 2025 година, четворица избрани ќе бидат сместени во 3-Д печатено живеалиште од 158 квадратни метри во Хјустон, Тексас, САД. Комплексот со назив „Марс дјун Алфа“ се наоѓа во вселенскиот центар „Џонсон“ на НАСА и е изграден заради подготовки и симулирање на животот и сѐ она што би можело да го очекуваат идните истражувачи на „Црвената Планета“, каде што околината и условите се сурови, а изворите за опстанок ќе бидат ограничени.

Инаку, тука сѐ уште престојуваат луѓето учесници во првата мисија на „ЧАПЕА“, што треба да трае 378 дена.

НАСА прифаќа пријави преку страницата на мисијата „ЧАПЕА“ до 2 април оваа година. На избраните учесници ќе им биде платено. За колкава сума станува збор, не е јавно објавено.

Учесниците ќе вршат одржување на живеалиштата, одгледување овошни и градинарски култури и други задачи. Дел од живеалиштето е песокливо поле од 112 квадратни метри за симулирање на чекорењето на Марс.

За да бидат земени предвид, пријавените мора да бидат државјани на САД, на возраст меѓу 30 и 55 години, течно да зборуваат англиски јазик и да имаат завршени магистерски студии во тн. научна област „СТЕМ“ (наука, технологија, инженерство и математика). Потребни се и најмалку две години професионално искуство, т.е. 1.000 часа пилотирање авион. Одредени видови друго професионално искуство, исто така, може да биде предност.

„ЧАПЕА 2“ е втората од трите мисии што НАСА ги планира за оваа своја програма. „ЧАПЕА 1“ почна на 25 јуни 2023 година.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 5 часа

Три чаеви за тенок струк

Македонијапред 8 часа

Европска недела на мобилност: Изберете активен живот, движењето е здравје!

Гостиварпред 9 часа

Хуманитарното здружение „Д-р Трајче Нешковски“ и Општина Гостивар потпишаа меморандум, обезбедени образовни асистенти за средношколци со попреченост

Македонијапред 10 часа

„Студентски отпор“ со петиција за укинување на новите повисоки трошоци за студирање

Македонијапред 11 часа

Се намалува цената на горивата од полноќ

Македонијапред 12 часа

Скоро 2.500 лица во јавното здравство се со договори, се бара начин за трајни вработувања

Гостиварпред 13 часа

Жител на Чегране пријавил напад и оштетување на неговото возило

Македонијапред 13 часа

Граѓаните да внимаваат-Нови измами преку уреди за фишинг за превземање на платежните сметки

Вестипред 14 часа

Германија воведува проверки на сите граници со цел да се ограничи миграцијата

Гостиварпред 1 месец

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 6 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 6 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 8 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 8 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 9 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 9 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 1 година

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 година

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Огласи за работа:

следете нѐ и на телеграм

Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена