Поврзи се со нас

Вести

Мармалад од костени – Совршен рецепт за овој период

Објавено

на

Мармаладот од костени во Франција и Италија е кулинарско задоволство во кое често се ужива. Освен што е вкусен има и благодатно влијание врз здравјето бидејќи изобилува со витамини и минерали. Ако барате нов начин за да ги искористите плодовите на есента, мармаладот е одлична идеја, бидејќи се става во темен простор и на ладно место, па може да стои со месеци.

Домашно подготвениот е подобра алтернатива, отколку да купите готов мармалад, со оглед на тоа што вие сами ги одбирате состојките и знаете точно што содржи. Костените треба прво да се сварат, а за да полесно ги излупите, подобро е прво да ги скршите на половина и да ги потиснете под преса за лук.

Состојки:

1 кг костени

400 гр шеќер

400 мл вода

1 мешунка со ванилија

1 лажица рум

Кори од два портокала

Подготовка:

  1. Костените засечете ги малку и ставете ги во ладна вода, па варете ги половина час. Откако ќе се сварат, излупете и измиксирајте ги во вид на пире.
  2. Сварете сируп од вода, шеќер и корите од портокалите, околу 15 минути, па процедете.
  3. Сирупот додајте го во пирето од костени и мешунката со ванилија, па смесата варете ја на слаб оган, околу половина час или додека не се згусне.
  4. Извадете ја мешунката и додајте рум.
  5. Во печката стерилизирајте тегли, па ставете ја жешката мармалада во нив и ставете го капачето. Свртете ги наопаку теглите, па ставете ги на ладно и мрачно место кога ќе се оладат.

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена