Здравје и убавина
Сакате ли риба? Пастрмката го чува срцето, лососот е добар за мускулите и коските
Рибата како оброк на семејната трпеза е секогаш добар избор. Освен што е вкусна, лесно се вари, има и многу благотворни дејства врз човековото здравје. Генерално сите видови на риби се полни со витамини, минерали и аминокиселини. Но, секоја врста носи специфични бенефити за организмот.
Пастрмка
Пастрмката има нискокалорично месо и содржи мала количина натриум, поради што е добра за кардиоваскуларниот систем. Важи за добар чувар на најважниот орган, срцето. Исто така, се препорачува и на дијабетичари и оние кои страдаат од висок крвен притисок.
Ослич
И оваа врста на риба е доста застапена на нашите трпези. Добрата вест е што осличот спаѓа во диетална храна со ниска калорична вредност, во 100 гр. ослич има 0,85 гр. масти и 1,75 гр. протеини. Богат е со витамини од Б групата, како и калиум, калциум, фосфор. Одличен е за работата на мозокот и за коските.
Лосос
Месото од лососот е добро за мускулите и коските, нервниот систем, органите за варење. Изобилува со омега 3 масни киселини, Б6, Б12 витамини, како и железо, цинк, селен. Едноставено ова е таа супер храна што ви е потребна.
Сардина
Се разбира ова се однесува на свежите сардини, а не оние од конзерва. Богата е со аминокиселина-триптофан и со магнезиум, поради што поволно влијае врз подигнување на расположението и опуштање.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар