Рецепти
Салати, вкусни јадења, пити…еве неколку рецепти со варени јајца
Во деновите од велигденското празнување, варените јајца се главен дел од трпезата. Освен во стандардните салати со марула, кромидче, роквици има милион други начини како да ги искористите варените јајца. Еве неколку предлози.
Ролат од спанаќ и варени јајца
Состојки:
6 јајца
300 гр. подварен спанаќ
150 гр. брашно
250 гр. крем сирење
150 гр. рендани пилешки гради
6 варени јајца
4 чешниња ситно сецкан лук
2 лажици кисела павлака
100 гр. рендан кашкавал
сол, црн бибер, магданос
Подготовка:
Подварениот спанаќ ситно се сецка. Јајцата прво се матат со малку сол и потоа постепено во нив се додава брашното, па спанаќот. Вака подготвената смеса се става во плех и се пече на 180 степени околу 10-15 минути.
Испеченото тесто превртете го на кујнска крпа и оставете го да се излади. Во поголем сад изматете го крем сирењето, киселата павлака, ситно сецкани 2 варени јајца, лук, ренданите пилешки гради и кашкавал, магданос, сол и црн пипер. Убаво измешајте, па тестото премачкајте го со смесата, а на почеток од ролатот наредете ги останатите 4 варени јајца. Звиткајте го ролатот со алуминиумска фолија и оставете го во фрижидер да се стегне неколку часа.
Мусака со варени јајца
Состојки: 8 до 10 компири
8 варени јајца
200 мл. кисела павлака
100 мл. млеко
100 гр. рендан кашкавал
масло сол, бибер, магданос
филџан вода
Подготовка:
Компирите се лупат, се сечат на кругови, се посолуваат и еден ред се реди во подмачкан плех. Врз нив се редат четири варени јајца исечени, исто така на кругови. Врз јајцата ставаме мелен црн бибер, редиме нов ред компири, па врз него останатите 4 јајца исечени на кругови и на крај одозгора го редиме последниот ред компири, додаваме сол и магданос. Тавчето треба да се полие со филџан зовриена вода. Така подготвената мусака ја ставаме во рерна да се пече на 200 степени, додека не заруменат компирите.
Во длабок сад ги мешаме киселата павлака, млекото и ренданиот кашкавал и кога малку ќе заруменат компирите ги посипуваме со смесата. Оставаме да се допече.
Салата со пченка и варени јајца
Состојки:
300 гр. пченка
3 варени јајца
млад кромид
две лажици павлака
две лажици мајонез
сол, босилек, црн бибер
Подготовка: Пченката измешајте ја убаво со ситно сецканите варени јајца. Додадете малку ситно сецкан кромид, павлака и мајонез. Додадете ги зачините.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар