Здравје и убавина
Салеп-маѓично корисен против кашлање, бронхит и воспаленија на грлото

Слободно може да се каже дека салепот е идеален зимски пијалок. Освен што има интересен и богат вкус, многу е корисен во борбата против кашлицата и инфекциите на респираторните органи. Инаку, се прави од растение, од видот на орхидеи (Orchis mascula) и спаѓа во лековити билки кои се берат во пролет. Здравите, сочни и развиени грутки (корени) се откопуваат кога билките цветаат или потоа. Собраните грутки се мијат со ладна вода, потоа се држат неколку минути во топла вода за да се деактивираат ензимите во нив, па се сушат на сонце. Заради големата количина на слуз која ја содржи, коренот се суши и се меле и се добива прав од салеп.
Салепот содржи полисахариди, протеини, масти и карбохидрати. Освен за дишните патишта помага при стомачни тегоби, надуеност, па и чир.
Начин на подготовка:
1 лажичка салеп се става во 150 мл вода или млеко. Се мешаат се додека не почне да врие на тивок оган. Се додава шеќер, а откако ќе се стави во филџан се додава цимет.
Еден до два филџани неделно ќе ја подобрат вашата концентрација и енергија. За настинката е совршена замена за оние кои не се љубители на чај.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград