Поврзи се со нас

Македонија

Сали: Случајот „Брезев“ ќе се тера до крај, моментно средба на стручни тимови од „МАЛМЕД“ и „Жан Митрев“

Објавено

на

„Случајот „Брезев“ ќе се тера до крај и ќе добие разрешница. Никој не е над законот, ниту има недопирливи“, рече денеска министерот за здравство Беким Сали.

Сали на прес-конференција информира дека моментно е во тек состанок на стручен тим од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) со претставници од клиничката болница „Жан Митрев“ за да се утврди дали испитувањата врз пациентите кои се лекувале таму се вршени согласно важечките прописи.

Според министерот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат во последните три години направил 45 редовни и 52 вонредни инспекциски надзори во 12 приватни здравствени установи. Детали соопшти директорката Иринка Сотировска Бухова, информирајќи дека конкретно во „Жан Митрев“ се спроведени три редовни и девет вонредни инспекциски надзори.

Сали на прес-конференцијата претходно ја објасни методата на хемофилтрација која, нагласи,  се користи при третман на пациенти во тешка состојба, сместени на интензивна нега.

-Дали методата е применувана согласно строгите критериуми и индикации, треба да процени стручен надзор од експерти во соодветните области, подвлече министерот.

Сали потенцира и дека Министерството за здравство останува отворено за соработка за сите институции на барање на ОЈО.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена