Гостивар
Салиу: Апелирам институциите да се погрижат за семејствата од опожарените објекти во Гостивар

Претседателот на огранокот на Демократски сили на Ромите, Кашмир Салиу при својата денешна посета на Општина Гостивар, рече дека на средбата со градоначалникот Арбен Таравари разговарале и за случајот со опожарените бараки и семејставата кои останаа без покрив над главата. Салиу апелираше надлежните институции да обезбедат згрижување на луѓето.
„Разговаравме со градоначалникот за нашата длабока загриженост во поглед на опожарените објекти. Од негова страна ми беше речено дека била преземена акција истиот ден и општоната со цел капацитет, презела мерки за помош на тие семејства. Дел за среќа имале каде да се сместат, а за тие што немале изнајдени се времени решенија. Но, тоа е сепак времено решение. Апелирам до надлежните институции во државата сериозно да го разгледаат овој случај, сериозно да покажат каде се направени пропустите. Апелирам Министерството за труд и социјала да преземе се‘, овие семејства да бидат згрижени. Будно ќе ја следиме овој процес како ќе се одвива и врз основа на тоа ќе донесуваме натамошни одлуки“, рече Салиу.
Пожарот се случи во недела рано наутро околу 4 часот и во него целосно изгореа неколку бараки на ул „Илинденска“ спроти техничкото училиште.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 1 недела
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 4 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава